Репортажа на Славчо Неделковски
Што треба да знаеме за православна Грузија?
Православната Црква има значајна улога во општествениот живот во Грузија. За да го разберете Тбилиси и денешна Грузија, мора да ја разберете улогата на црквата во нивното секојдневие. Во март 2026 година, Грузија се збогуваше со својот најсакан и највлијателен духовен лидер во поновата историја — Католикос-Патријархот Илија II. Почина на 93-годишна возраст по речиси 50 години на чело на црквата (од 1977 година), што го прави патријарх со најдолг стаж во целата 1500-годишна историја на Грузиската автокефална црква.

Илија II беше симбол на стабилноста на нацијата. Тој успеа да ја возобнови црквата од пепелта на советскиот атеизам (кога во цела земја имало само триесетина активни храмови) и да ја претвори во најмоќната институција во Грузија со огромна доверба кај народот. Неговото последно почивалиште, според сопствената желба, е во историскиот соборен храм Сиони во Тбилиси. Во мај 2026 година, Светиот Синод го избра неговиот наследник, Патријархот Шио III.
Со ова е сосема јасно дека Грузијците низ призмата на Илија II гледаат татко на нацијата а низ Шио III негов наследник како беше негов помошник од 2017 година.

Кодекс на однесување: Правила при посета на грузиски цркви и манастири.
Грузиските свештеници и верници се исклучително традиционални и секој посетител (вклучувајќи ги и туристите) мора строго да ги почитува воспоставените правила. Непочитувањето на кодексот за облекување се смета за тешка навреда и најчесто нема да ви биде дозволен влез.
Правила за жени:
Покривање на главата: Задолжително е носење на мараме или шал кој ја покрива косата. (Ако немате сопствен, на влезот на речиси секоја црква има кутии со чисти марами кои се бесплатни за користење).
Здолниште или фустан: Жените мора да носат здолниште или фустан кој е најмалку под колената. Панталони (особено тесни фармерки и хеланки) се строго забранети за жени во повеќето манастири. На влезовите има и престилки на врзување што можете да ги ставите преку панталоните. Покриени раменици и гради: Без маички на прерамки, со длабоко деколте или гол стомак.
Правила за мажи:
Долги панталони: Мажите не смеат да влегуваат во шорцеви, без разлика колку е жешко надвор. Задолжителни се долги панталони. Откриена глава: За разлика од жените кои ја покриваат главата, мажите задолжително мора да ги извадат капите, бејзбол качкетите или шеширите пред да преминат преку прагот. Пристојни маици: Забранети се атлетски маици без ракави. Кратки ракави на обична маица или кошула се сосема прифатливи.

Општа етикета во внатрешноста:
Тишина и мир: Разговорите треба да бидат сведени на шепот. Исклучете го тонот на мобилните телефони. Фотографирање: Во повеќето цркви фотографирањето е забрането со закон во внатрешноста (особено со блиц), за да не се оштетат вековните фрески. Секогаш проверете дали има знак со прецртан апарат. Како се стои: Никогаш не застанувајте со грб свртени кон алтарот и иконите кога се движите наназад. Исто така, не е прифатливо да ги држите рацете во џебови или прекрстени зад грб додека сте внатре.
Особено во недела кога се службите мора да имате огромно разбирање дека во храмовите ќе име и верници. Тие најчесто својата причесна ја земаат во мали пластични чаши во кои има леб и вино но зависно од активностите немој да ве изненади ако сте сведок на нечија крштевка – свадба па и погреб. Сепак ова се цркви кои локалното население ги користи активно во своите верски обреди.
Од тука тргнувате низ преплетени мали улички исполнети со традиционална архитектура и се упатувате до Соборнат црква која се гледа од секој дел на Тбилиси и тоа по 2 параметри големината затоа што е трета најголема по капацитетот на број на верници кои може да ги собере во себе над 20.000 а патеката до нејзе навидум е лесна но таа е изградена на рид па импозантноста е дотолку поголема.








