Средношколци од Битола, Алек Сиваков, Сергеј Павловски, Лука Илијовски и Елена Ивановска развиваат иновативна бизнис-идеја која има цел да го олесни секојдневното плаќање во продавниците, рестораните, бензинските пумпи и продажните автомати.
Нивниот проект „КЕШМАТ“ претставува дигитална платформа за брзи и едноставни плаќања преку QR-код. Купувачот го скенира кодот со мобилната апликација на својата банка, го потврдува плаќањето, а парите за неколку секунди пристигнуваат директно на сметката на трговецот. Системот автоматски ја потврдува трансакцијата, овозможувајќи побрза наплата, помалку работа со готовина и подобра евиденција на прометот.
Идејата е особено значајна за малите бизниси и самопослужните објекти, каде што готовината и монетите сè уште се дел од секојдневното работење. Со искористување на новата платежна инфраструктура TIPS Clone, младите автори на проектот сакаат да понудат практично решение за модернизирање на плаќањата во Македонија.
КЕШМАТ е меѓу идеите што се натпреваруваат во „Средношколец милионер“ 2026, а поддршката од јавноста може да биде значајна за нивниот понатамошен развој.
Поддржете ги битолските средношколци и освојте награди!
За сите што ќе гласаат за КЕШМАТ е организирана и наградна игра со шест награди во вкупна вредност од над 8.000 денари, обезбедени од локални бизниси.
За учество потребно е да гласате за КЕШМАТ на „Средношколец милионер“, да ги следите Instagram-профилите @_keshmat и @cafe_tigre и да ја пополните пријавата на веб-страницата на проектот, со приложена снимка од екранот како доказ за гласањето.
Гласањето и пријавувањето за наградната игра траат до 24 ноември, а добитниците ќе бидат избрани по случаен избор по завршувањето на гласањето.
За наградната игра тука: https://keshmatmk.com/nagradna-igra







