IMG db3971bd4d4956405e768206a967686b V

Стрелците од Битола остварија одличен успех на Државниот натпревар во стрелаштво за основни и средни училишта, освојувајќи вкупно пет медали во машка и женска конкуренција.

На натпреварувањето, организирано од Федерацијата на училишни спортови, со поддршка од МССФ, битолските натпреварувачи покажаа одлична подготвеност, прецизност и спортски дух, што резултираше со неколку високи пласмани.

Во конкуренција на основните училишта, Димитар Каровски го освои второто место, додека Никола Кукановски се пласираше на третата позиција во машка конкуренција. Кај девојчињата, Тамара Русевска го освои третото место.

Успешни беа и средношколците. Андреј Велјаноски го освои првото место во машка конкуренција, а Вања Арсиќ заврши на втората позиција.

Од ГСК „Пелистер“, кој заедно со ОСУС Битола вложи напори за учеството на натпреварувачите, истакнуваат дека овие резултати се потврда за посветената работа и континуираното вложување во младите стрелци и развојот на стрелаштвото во Битола.

IMG ffa9c9a331f687553d6c923c9de7765f V

Воедно, упатија честитки до организаторите и сите учесници за постигнатите резултати и покажаниот спортски дух, а посебна благодарност изразија до општествено одговорните компании и пријатели кои со својата поддршка придонесуваат за развојот на стрелаштвото во градот.

„Светки“ во трка за поддршка: Иновативен тепих што создава електрична енергија од движење
Ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола ја претставуваат својата иновативна …
MINDMATE – иновативната идеја на две битолски средношколки што помага во справувањето со стресот
Две средношколки од Битола, Драгана Бандиловска од СОУ „Таки Даскало“ и Теона …
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…