fudbal deca

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има 9 години и во моментот тренира фудбал. Има и други родители. Сите навиваат (посебно гласни се мајките), дофрлаат, се нервираат и гордо се смеат.

Таткото на Даниел е опуштен. Даниел е малку трапав, но дава сѐ од себе и ги слуша советите од тренерот. Некои од родителите, видно изнервирани – набљудувачи,  не водејќи сметка дали некој ги слуша, искоментираа, мислејќи на Даниел: „Види го овој! Од овој никогаш нема да биде фудбалер!“

Тогаш, таткото на Даниел, угледен адвокат, ги пресече со поглед и со мирен тон им дофрли: „Навистина, се надевам дека нема да биде фудбалер. Би сакал да заврши факултет и да се занимава со некоја работа во подобри климатски услови, каде има помалку болка, пот, повеќе почитување од околината и помалку мафијаши во својот живот. Би сакал да не се отсели од својата земја поради професијата, исто така и една повреда да не му го уништи сиот труд и сонот кој го има. Но, ако баш инсистира да се занимава со фудбал, нема да му забраниме. А овде е за да се развива здраво“.

child 613199 1280

Родителите останаа со подзинати усти, а и тренерот – поранешен фудбалер, ги замисли изјавата на таткото – што зборува овој?! Тој намерно го расипува просекот на нивните идни играчи кои треба да потпишат милионски договори со Манчестер, Јувентус… во соништата на родителите. Ова е тажна слика на денешницата, од теренот на спортските школи за деца.

Категоријата „хоби“ полека изумира благодарение на ветувањата на спортските школи и лековерните или преамбициозни родители, како и масовните натпреварувања  на кои медалите и пехарите се делат ко леблебии, па така децата и не веруваат многу во освоеното злато, затоа што веќе сѐ им е достапно.

sport 858206 1280

Која е основната идеја кога детето се занимава со спорт?

Тимска игра, спортски дух кој е подготвен достоинствено да изгуби поен или натпревар, почитување на соиграчите, но исто така и играчите на спротивната екипа. Спортот му помага на детето да стекне добра кондиција, да ја развие грубата и фина моторика, да научи да „паѓа“, да научи да чека во ред, да ги почитува правилата на клубот, како и авторитетот на тренерот. Децата преку спортот учат во победите да не се воздигнуваат, но и во поразите да не понижуваат – екипата е заедно и кога е лесно и кога е тешко. Спортот е наменет за сите: слаби, дебели, трапави, бавни, брзи, ниски, високи… Спортските школи се посетуваат за рекреација, а не како вовед во професионален спорт.

beach volleyball 6483905 1280

Подоцна, ако се има желба, преку тренинзи, самодисциплина и упорност може детето да се реализира како професионален спортист. Професионалниот спорт бара максимална посветеност и исто така претставува голем психолошки притисок со кој не може да се носи едно дете, како и многу возрасни.

Денешниве тренинзи, за жал, сѐ почесто кај децата го негуваат „навивачкиот“ дух, отколку спортскиот. Спротивставените екипи се мразат, кој е погласен – тој е поголем фан.  На крајот се плаче, хистеризира или има неспортско однесување, се навредуваат соиграчите.

Доколку го читате текстов и не се наоѓате во оваа ситуација, браво за вас. Ретки сте и сте пронашле вистинска спортска школа за вашето дете, којашто ангажирала  образовен тренер за пренос за знаења и вештини. Наставниците ги знаат буквите, броевите, математички операции, па сепак студираат 4 години – вештини како на подобар начин да им го пренесат на учениците своето знаење – па не сте незадоволни ако вашето дете не ви донесе милиони.

Адаптација според анализата на српскиот психолог Снежана Голиќ

Филмски репертоар во кино Манаки за оваа недела
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска …
Што значи да се биде Битолчанец денес
Да се биде Битолчанец денес значи да носиш во себе богатство на …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…