pexels olly 774866

Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој единствен животен пат. Луѓето често се споредуваат со оние што имаат потполно различен живот. Секако, можат да имаат слична идеја за успех, навики, доследност, напорна работа, пожртвуваност но често немаат иста цел.

Вашиот живот е ваш личен нацрт. Вие сте единствениот пример за вас. Можеби е тоа вашиот стил, карактер, вашата личност, внимание за детаљи или глас, но имате ум кој никој друг никогаш во целост нема да го разбере. Само вие можете да направите одредени работи на одреден начин.

Затоа, споредувањето на себеси со другите е губење на време. Да, можете да се восхитувате на некоја креација или способност на некого, можете да се огледате на некого како ментор, можете да функционирате по шаблони или да гледате што експертите направиле, да набљудувате некого кој живее живот каков што вие би сакале или со еден збор би требали да учите од луѓето кои мислите дека се најдобри! Но вашата цел треба да биде да бидете како нив а не да се претворете во нив. Кога се споредувате со било кого освен со самиот себеси од вчера, вие губите фокус. Се обесхрабрувате и вашиот напредок го гледате како бавен, наместо да гледате колку се важни малите победи.

pexels thngocbich 7607281

Ова е ваш потсетник дека вашето минато не е ваша срамна приказна. Простете си себеси за вашите грешки. Тоа е поттик, знаење и искуство од прва рака кое се користи за помош на другите. Катализатор кој ви овозможува да правите работи кои никогаш порано не сте ги направиле, и само е потребно да престанете да гледате што сите други прават и колку далеку стигнале, и да се фокусирате исклучиво на себеси. Ако веке морате да се споредувате со некого, споредете се со мината верзија од себеси.

Ова е ваш потсетник дека можеби не ви треба повеќе самопочитување туку повеќе самосожалување. Бидете благи спрема себеси со тоа што ќе бидете реални. Сакате да постигнете некоја цел за која се потребни години за да се изгради за еден ден, а тоа е нереално. Пред да развиете некоја вештина, изградете добри и доследни навики, затоа што напотребна ви е издржливоста. Без тоа не може да се успее. Ова е ваш потсетник дека доколку искрено верувате да имате своја цел. Често мислиме дека мораме да учиме повеќе кога всушност би требало да бидеме мирни и сталожени. Мораме да се фокусираме да продолжиме понатаму. Мораме да правиме тоа што ни се чини автентично а не што другите кажуваат дека е исправно.

Погледнете се себеси и до каде сте стигнале. Морате да се почитувате малку повеќе. Немојте да ги дискредитирате препреките кои веќе сте ги совладале и лошите периоди кои сте ги преживеале. Восхитувајте се на себе како што се восхитувате на другите. Немојте да го намалувате значењето на промените кои сте ги направиле за да го подобрете својот живот. За ова да  се постигне потребра е храброст и сила.

Ти си тој што стигнал толку далеку. Ти си тој кој се борел за својот живот. Престанете да се мразите себеси и разберете дека имате толку многу да понудите. Кога се споредувате со било кој освен со самиот себеси од вчера, губите замав и полет и наместо да се саморазвивате вие се откажувате. Наместо да станете уште подобра верзија од себе, вие се претворате во тоа што другите сакаат да бидете. Вашиот живот е само ваш. Во спротивно на тоа што мислите, не би бил подобар во рацете на некој друг.

Запаметете дека луѓето ја жртвуваат својата фамилија, слобода и ментално здравје за да дојдат таму каде што се сега. Пред се, дадете си време. Ако сте доследни и страсни, ќе стигнете уште подалеку. Споредете се себеси со тоа каде бевте вчера а не со други луге. Вие сте конечниот судија на спорот што е тоа успех.

woman 3219507 1280

Следете го вашиот раст така што ке ги запишувате своите победи без оглед колку се мали. Толку многу сме фокусирани на работи кои ги немаме направено, што целосно ги занемаруваме или забораваме работите кои сме ги направиле или кои ги правиме. Мислиме дека грешките ни се неуспеси а всушност тие се погонот на кој што се движиме. Не катапултираат во нашата цел. Прв чекор е да разберете и да ви стане јасно дека заслужувате повеќе од тоа што го имате. Никоја сработена работа не е беззначајна. Според изреката тивка вода брег рони доаѓаме до заклучокот дека не е битна големината на акцијата туку што таа прави.

Вие сте единствен. Секој еден човек е единствен или барем за миг треба да биде. Споредете се со тоа каде бевте вчера а не со други луге. Само така никогаш нема да згрешите.

Времето кое го поминуваме со миленичиња може да биде драгоцено, вели Фројд
Времето што го поминуваме со миленичиња дефинитивно ни помага да се чувствуваме …
Колку сте подлабока личност, толку ви е потешко да пронајдете некого
Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…