quince 65185 1280

Поради изобилството на витамини и минерали, ова растение зазема значајно место во народната медицина.

Кога ќе се спомне дуња, сите помислуваат на ракија или слаткo. Дури кога ќе се појават проблеми со кашлица или желудник, тогаш ќе се потсетиме на народната медицина и лековитите својства на ова овошје од кое се користи се: и плодот, и семките и листовите.

pexels esrakorkmaz 147653871

ПЛОД
Дуњата содржи малку калории, сол и масти, па затоа се препорачува за контрола на тежината, додека компот направен од ова овошје треба да го јадат оние кои имаат проблеми со варењето и чир на желудникот. Ова овошје содржи многу витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглени хидрати. Самото овошје има повеќе витамин Ц отколку што може да се најде во лимонот. Благодарение на ова, дуњата ги спречува инфекциите и го зајакнува имунолошкиот систем. Поволно делува на респираторниот систем, па се препорачува при долготрајна и упорна кашлица, особено ако се работи за бронхитис.

Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареа, додека печената или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудникот и цревата, како и за обилни циклуси.

Сокот се подготвува така што една голема дуња добро се мие и се сече на кругови, но заедно со кората. Потоа се прелива со литар вода и се вари додека не зоврие водата на половина. Кога ќе се излади, сокот се цеди, но дуњата не се фрла туку може да се јаде.

quince 7591433 1280

СЕМЕ
Семките од дуња се користат за правење чај кој го чисти респираторниот тракт и е ефикасен против кашлица. Семките треба да се остават да отстојат во вода и да ослободат слуз, кој е одличен за белите дробови бидејќи содржи големи количества амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданси, семките се покажаа како добри за лекување на рани и благи изгореници. Она што треба да го направите е да ги искршите семките за да добиете слуз за лекување на проблематичните области.

dunja
www.freepik.com

ЛИСТ
Сувиот лист од дуња е толку корисен што секоја куќа треба да има мала залиха бидејќи може да биде прва помош при дијареа, без разлика дали се работи за деца или возрасни. Чајот се прави така што три листови се прелеваат со 250 милилитри врела вода. Чашата се покрива и се остава да отстои 15 минути. Чајот не треба да се засладува, а може да се пие ладен. Овој чај се препорачува и за дехидрација.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…