Основач:
Саше Богоевски
[email protected]
Главен и одговорен уредник:
Маја Богоевска
[email protected]
Соработник-новинар:
Сара Трајчевска
Биљана Т. Димко
Фоторепортер:
Саше Богоевски
[email protected]
МАРКЕТИНГ:
Контакт телефон: 070 339910
Издавач:
БСМ – Битола
За Читај бе
Битолскиот онлајн магазин Читај бе започна со работа на 6 април 2022 основан од лица со повеќедецениско медиумско искуство.
Целта на Читај бе (www.citaj.be) е да внесе нова свежина, да ги изнесе на виделина позитивните примери, успесите за кои треба и мора да се слушне, да мотивира, да расположи. Да ги запознаеме битолчани кои редат успеси во светот, но и оние кои заслужуваат да се следи нивниот пример, а живеат во Битола. Нашето мото е без црна хроника и без дневно политички настани, а фокусот е ставен на културата, образованието, музиката, филмот, начинот на живеење, духовната состојба…
Читај бе е основан од Саше Богоевски, долгогодишен медиумски работник, снимател, монтажер, фотограф, фоторепортер од Битола кој работи од 1994 година во медиумскиот простор. Скоро 3 децении работи на телевизиски и документаристички проекти. Член на ЗНМ и основач на Здружението Базична сила на медиумите БСМ Битола кое постои од 2007 година.
Главен и одговорен уредник е Маја Богоевска, дипломиран новинар со 20-годишно искуство: ТВ Тера, ТВ Сител, Радио Канал 77, mms.mk…Своето искуство и знаење во онлајн новинарството го стекна во Ноксвил, Тенеси на Универзитетот Тенеси каде беше дел од програмата за доусовршување на новинари на Voice of America. Таа е долгогодишен соработник-автор на списанијата Росица и Другарче.
Соработник новинар е Биљана Т. Димко, дипломиран професор по македонски јазик и книжевност. Активна е во новинарството од 2011 година, најнапред во УКЛО ФМ 90.8, а потоа во ТВ Мега. Автор е на неколку книги поезија, поезијата ѝ е преведена на повеќе јазици, има објавено книжевно – научни трудови кои се дел од корпусот на македонската книжевност.
Дел од тимот е и Сара Трајчевска, млад и надежен новинар, која дипломира како еден од најдобрите студенти по новинарство на Универзитетот „Овидиус” во Констанца, Романија, каде ги заврши и магистерските студии по Односи со јавност и интеркултурен развиток. Нејзиниот дипломски труд на темата ,,Fake News” е објавен во ,,Central and Eastern European Online Library – CEE journals”, како и во ,,Romanian Journal of Politicial Science”, во Романија.