old man gd9063f30d 1280

Некој завршува факултет на 22 години, а потоа поминува три години барајќи работа.
Некој стана успешен режисер на дваесет и пет, а почина на педесет.
Друг стана режисер во педесеттите години и доживеа деведесет.
Некој е сè уште сам, а други веќе имаат семејство и деца.
Макрон стана претседател на 39, а Роберт Мугабе на 63 години.
Шумахер стана шампион на 25 години, Нино Фарино победи на првата трка на 44 години.

Ворен Бафет стана милијардер на 56 години, а Цукерберг веќе на 23 години.

Кајли Џенер на 21-годишна возраст стана најмладата милијардерка, оставајќи ги далеку зад себе сите млади машки милијардери.

Познатиот ирски производител на пиво Артур Гинис имал 21 дете на 56-годишна возраст, а Џорџ Клуни за прв пат стана татко на 55-годишна возраст.

Секој на овој свет трча по своја трка и оди по својот пат, во свое време.

Времето е различно за секого.

Кога ќе размислите, сè на светот се одвива во својата временска зона.

Вашите пријатели може да бидат пред вас, а некои да останат зад вас.

Сето тоа е природно.

Секој живее во своја временска зона.

Не треба да завидувате и да се споредувате со другите, бидејќи тие се во нивната временска зона, а вие во вашата.

Животот е момент, чекајќи ја вистинската можност да се оствари.

Затоа опуштете се и уживајте.

Не доцните.

Не сте ни рано.

Пристигнувате во вистинско време.

Задар – Меѓу камените улици и ритамот на морето
Пишува: Сара Танаскоска Постојат градови во кои пристигнуваш со план. Список на …
Најубавите божиќни маркети во Европа: Водич за волшебен продолжен викенд
Божиќните маркети во Европа се вистинска магија која го буди духот на …
meblo trejd cestitka
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…