filip

Разговараше: Сара Танаскоска

„Сегде сум странец.“ Реченицата на Филип Зарков звучи едноставно, но во неа можеби најдобро се препознава и неговиот однос кон местата, луѓето и уметноста. Роден во Тетово, израснат во Штип, а школуван во Скопје и Санкт Петербург, Зарков не зборува за припадноста како за нешто што се подразбира. Напротив, тој постојано ја преиспитува – каде се чувствуваме дома, што нè врзува со еден град и што останува од нас кога ќе ги тргнеме професионалните титули.

filip 6

Режисер, уметник, патник и истражувач, но и, како што самиот се опишува, „дете кое се игра“, Зарков во создавањето тргнува од она што го наоѓа околу себе – спонтани ситуации, разговори и луѓето што ги среќава. По годините поминати во Санкт Петербург, каде што, вели, престанал да верува во чуда и почнал поинаку да ги гледа светските кризи и општеството во кое живееме, враќањето во Македонија за него било и враќање кон едноставноста: сонцето, топлината и чувството дека не мора постојано да брза.

filip 4

Во неговиот поглед особено место има Штип – град кој, според него, има приказни што сè уште чекаат да бидат раскажани. Од некогашното производство на памук, ткаенина и облека, до луѓето кои и денес живеат и работат таму, Зарков во градот гледа повеќе од моден центар. Гледа филмски материјал. Гледа еден мал свет, неговите ликови, неговите митови и неговата потреба од повеќе уметност.

filip 18

Можеби затоа, кога треба да го замисли Штип како лик во филм, не избира знаменитост, туку – скаменети баби. А токму во таквите необични, локални приказни се крие начинот на кој Филип Зарков го гледа светот: како простор во кој и најобичниот човек, разговор или градска легенда може да стане почеток на приказна.

filip 20

Читај бе: Кој е Филип Зарков кога ќе ги тргнеме титулите „режисер“ и „уметник“? Каков си надвор од професионалниот свет?

Филип: Најтешко е себе да се опишеш ама еве ќе пробам, патник, истражувач, дете кое се игра.

Читај бе: Каков беше Филип како дете? Дали уште тогаш постоеше потреба да создаваш, да црташ и да раскажуваш приказни?

Филип: Kратко да.

filip 19 1

Читај бе: Роден си во Тетово, но си израснал во Штип. Кој град повеќе се препознава во тебе и зошто?

Филип: Секаде сум странец, и не се чувствувам дека сум дома, ни тој ни другиот, премногу сме мали за да се двоиме по градови и села колку сме „уникатни“.

Читај бе: Кога првпат сфати дека уметноста не е само интерес, туку нешто со кое сакаш да го поминеш животот?

Филип: Кога се запишував во средно уметничко Лазар Личеноски во Скопје, дефинитивно благодарен на мајка ми што не завршив гимназија.

Читај бе: Студираше филмска уметност во Санкт Петербург. Што најмногу ти промени тој период – начинот на кој гледаш филм или начинот на кој го гледаш светот?

Филип: Престанав да верувам во чуда, пораснав ги доживеав актуелните светки кризни состојби. Живееме во едно глобално фејкерско општество.

Читај бе: По враќањето во Македонија, како го доживеа просторот во кој повторно почна да создаваш? Што ти недостигаше, а што повторно ти беше драго да го најдеш?

Филип: Топлината, сонце, мирот дека сум дома, овде се ми е блиску и не мора да брзам за да стигнам негде.

Читај бе: Што најмногу те инспирира кога создаваш – човек, разговор, улица, музика, фотографија или некој сосема обичен момент?

Филип: Спонтани ситуации, разговори … луѓето околу мене, а и јас самиот сме таа ризница на инспирација

Читај бе: Во едно од твоите претходни интервјуа зборуваш за идејата да снимиш филм за Штип како центар на модата во Македонија. Од каде започна таа идеја?

Филип: Порано во околината на Штип одгледувале памук, го обработувале во ткаенина и правеле облека. Еден цел циклус кој е одржлив за едно општество. Филмот би бил за оние мали луѓе кои и денес живеат и работат во Штип.

filip 3

Читај бе: Кога ќе кажеме „Штип и мода“, која е првата слика што ја гледаш? И што има овој град што според тебе заслужува да биде претворено во филмска приказна?

Филип: На Штип му фали уметност, му фали филмски фестивал, сметам дека треба да се обнови академијата за филм. Јас летово имав работилница за филмски ликови на Д фестивал и публиката беше жедна за разговор на теми меѓу кои се и филмови за мода и современи приказни и серии.

filip 11

Читај бе: Ако Штип е лик во твојот филм, каков лик е тој?

Филип: Скаменетите баби по кои е наречена населбата Баби, февруарски ветер ги скаменил од штипење безобразните баби кои го навредиле.

Откријте ги тајните на салепот – од природен имунитет до подобро варење
Салепот е традиционален напиток кој потекнува од Блискиот Исток и е популарен …
Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
You May Also Like

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

„Македонската народна музика е најубава на цел свет“ – портрет на младиот гајдаџија Огнен Радуловиќ

Огнен Радуловиќ има 13 години, учи во седмо одделение во ООУ „Крсте…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…