couple 7061933 640

Ништо не е случајно.

Во овој свет, во кој сме поканети да живееме, секоја средба и случајно познанство се случуваат со одредена цел.

Понекогаш ни се потребни другите луѓе за да не пробудат и да ни помогнат да ја промениме насоката на нашиот живот, понекогаш да нè инспирираат да нè потсетат која е нашата задача на оваа планета.

Понекогаш, имаме само куси средби со некои луѓе.

Потребно е да бидеме отворени за сè што со себе носи секое ново познанство. Понекогаш е потребно да го гледаме светот низ сребрени или црвени нитки, испреплетени меѓу себе, па така секоја означува средба со одредена личност, која можеби сè уште не се случила.

couple 5367555 640

Целиот наш живот – е меѓусебно дејствување, едни со други.

Модерната технологија, интернетот, социјалните мрежи се обидуваат да нè убедат дека човечката комуникација може да се сведе на минимум, но нешто се менува во човечката свест. Сфаќаме дека во животот ништо не се случува случајно.

Не треба сите средби да бидат долги: некогаш може да траат само миг. Можат само да ве задржат, да ве заштитат од некаква несреќа, или пак да се сретнете со потенцијалниот љубовен партнер.

Понекогаш Вселената ни праќа луѓе за да ни помогнат во животот, дури и ако тие немаат големо значење за нас.

Луѓето кои треба да нè пробудат.

Тие се оние кои се присутни во нашиот живот на подолг временски период. Оние кои целосно ни го менуваат животот.

woman 7808766 1280
meblo trejd za gradina косацки

Луѓето кои ни помагаат да се потсетиме кои сме.

Понекогаш во животот, почнуваме да се губиме себеси. Во секојдневната врева и грижи, забораваме кои сме вистински, какви сме сакале да бидеме, за што сме копнееле. Едноставно му се препуштаме на животот на возрасните и одговорноста, заборавајќи какви сме во суштина. Не станува збор за работното место, градот во кој живееме, туку за нашата душа, за нејзината внатрешност, како таа го доживува светот.

Тогаш, се среќаваме со луѓе кои ќе ни помогнат да разбереме кои сме, па така – да почнеме да бидеме свои.

Луѓето кои се важни во мигот.

Кога ќе започнеме разговор со случаен минувач, и никако не можеме да го прекинеме разговорот. Кога едноставно ја разбираме разменетата насмевка со некој непознат човек додека се разминуваме по скали. И… тоа навистина изгледа како вонземска комуникација, која едноставно морала да се случи.

Е сега, поради тоа што некој не останува во нашиот живот долго, не значи дека средбата со него нема причина и цел. Сè има смисла. Тоа се тие невидливи нитки кои нè поврзуваат едни со други и го прават животот во светот воодушевувачки непредвидлив, затоа што никогаш не знаеме кога ќе ја сретнеме личноста која ќе нè мотивира да го промениме нашиот живот.

Извор: cluber.com.ua 

jk travel leto 24
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…