himna

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и компонираше, еден од големите светилници на православието Св. Нектариј Егински, чиј спомен денеска го празнуваме.

Bogorodica.Eginska

Икона на Мајката Божја која што се наоѓа во келијата на Свети Нектариј Егински на островот Егина во Грција, и која е направена на Света Гора специјално за него по Божјо видение. За ова икона тој ја напишал химната за Богородица “Света Дево”. Од иконата се шири огромна благодат и благоухание.

Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. На возраст од 14 години се пресели во Константинопол, каде што почна да работи за да може да го продолжи образованието.

22 117

Во 1866 година се пресели на островот Хиос, каде што го надополни своето образование. Во 1876 година, на возраст од 30 години, се замонаши. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. По дипломирањето, замина во Александрија каде што беше ракоположен за јеромонах.

Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година беше назначен за Митрополит на Пентапол. Остана во Каиро една година, и неправедно и без објаснување беше преместен далеку од Египет, како резултат на клевети и лаги кажани за него. Во 1891 година се врати во Грција, и две години служеше на Евија. Во 1894 година беше именуван за директор на Црковното училиште. Во 1904 година, на барање на неколку монахињи, основа женски манастир на островот Егина. Во декември 1908 година, на возраст од 62 години, ја напушти функцијата директор, и се пресели во манастирот, каде што остана до крајот на својот живот, во длабоко тихување како монах. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болница во Атина, каде што и се претстави пред Господа, на 21 ноември 1920 година, на 74-годишна возраст. Кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Штом се допре до кошулата, парализираниот се излекува. Кога го пренесуваа од Атина во Егина, непрекинато течеше миро од неговото чело. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. Вброен е во ликот на светителите на 20 април 1961 година.

Слушнете ја „Света Дево“ во изведба на Протопсалт Гулевски Игор заедно со детскиот хор од Битола.

Света дево владичице

Нескверна Богородице

Радуј се невесто неневесна

Дево, мајко, господарке

Ти руно сеоросено

Радуј се невесто неневесна

Возвелича на небесата

Од зраците поблескава

Радуј се невесто неневесна

Радост на хорој девствени

Од ангелите посилна

Радуј се невесто неневесна

Посветла од небесата

Од светлината почиста

Радуј се невесто неневесна

Од сите небесни воинства

Владичице си посвета

Радуј се невесто неневесна

Радуј се песно херувимска

Радуј се химно ангелска

Радуј се невесто неневесна

Радуј се одо серафимска

И радост на архангелите

Радуј се невесто неневесна

Радуј се миру, веселие

И пристан на спасение

Радуј се невесто неневесна

Свет чегору на славата

Цуту на нетлението

Радуј се невесто неневесна

Радуј се градино на изобилие

На вечноста и на животот

Радуј се невесто неневесна

Радуј се дрво на животот

На бесмртност источнику

Радуј се невесто неневесна

Тебе те молам царице

Тебе те сега призивам

Радуј се невесто неневесна

Тебе те смилостивувам

И радост барам владичице

Радуј се невесто неневесна

Девојко кротка безгрешна

Сесветаја Владичице

Радуј се невесто неневесна

Тебе храму духовен

Гораздо те преколнувам

Радуј се невесто неневесна

Прифати ме, прифати ме

од душманот избави ме

Радуј се невесто неневесна

Покажи ме, покажи ме

На живот вечен наследник

Радуј се невесто неневесна

Света дево владичице

Нескверна Богородице

Радуј се невесто неневесна.

Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…