dog 2822939 1280

„Кавгата“ околу тоа дали се подобри кучињата или мачките трае отсекогаш, а на оваа тема внимание ѝ посветија и научниците. Според неколку истражувања, разликите меѓу љубителите на кучиња и љубителите на мачки не се гледаат само во изборот на миленик, туку и во нивните психолошки профили.

Едно истражување на Универзитетот Керол во САД покажало дека луѓето кои повеќе сакаат кучиња генерално се посреќни, додека љубителите на мачки постигнуваат подобри резултати на тестови за интелигенција. Во анкетата учествувале 600 студенти – 60% изјавиле дека преферираат кучиња, 11% мачки, а останатите ги сакаат и двете или ниту едно.

Научниците заклучиле дека карактерот на луѓето игра важна улога: љубителите на кучиња најчесто се поенергични, друштвени и дисциплинирани, додека љубителите на мачки се повеќе интровертни, креативни и чувствителни. „Ако сакате активности на отворено и дружење – кучето е идеален избор. Ако сте интроверт и сакате да читате книга дома – мачката подобро одговара“, објаснува истражувачката Дениз Гвастело.

animals 1517642 1280

Подетално истражување спроведено на колеџот Manhattanville во Њујорк, со 263 учесници на возраст од 19 до 68 години, покажа дека сопствениците на миленици генерално се позадоволни од оние кои немаат миленик. Притоа, сопствениците на кучиња биле посреќни од сопствениците на мачки.

Ако се земе предвид дека според одредени студии љубителите на мачки се поинтелигентни – можеби најдобрата опција е да ги сакаме и кучињата и мачките подеднакво.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…