смирение

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”, кое постојано се обѕрнува за да види дали го забележуваат. Тоа е гордоста, преоблечена во смирени алишта. Однадвор тоа има само вид на смирение, а однатре во него клокотат сите страсти. Вистински смирениот секогаш е тивок и спокоен: него ниту пофалбите го радуваат, ниту понижувањата го огорчуваат. А лажно смирениот, преку лажното благочестие, секогаш се пробива кон човечките прослави. Тој видел дека смирението им носи пофалби и почести на оние кои го поседуваат, па затоа ја ставил маската на смирението за да се прослави преку него. Таквиот човек покажува дека ни најмалку не ја разбрал суштината на смирението. Тој сака за себе да зборува: “Оф, јас грешниот! Оф, јас недостојниот! “Но, во исто време очекува другите да го демантираат и да речат дека тој не е грешен. И тогаш, кога го демантираат, нему му е убаво. Ако другите не се согласуваат со него и ако му речат: “Значи, самиот признаваш дека си грешен! Значи, вистина е тоа што се зборува за тебе!”, одеднаш не му е сеедно што му рекле, се навредува и прашува: “А што зборуваат за мене?” Тоа смирение не може да не спаси. Тоа е лицемерно и затоа ја носи титулата: „СМИРЕНИЕ ПАЧЕ ГОРДОСТИ“, односно, смирение полошо и од гордоста. „Не покажува смиреномудрие оној, вели свети Јован Лествичник, кој самиот си хули, туку оној, кој е обесчестуван од другиот, но и покрај тоа тој не ја намалува својата љубов кон него“.

Лицемерното смирение не претставува голема опасност за обичните луѓе во светот. Тие често не го почитуваат ниту вистинското смирение. Лицемерното смирение е најопасно за духовните луѓе, особено за монасите, чиј пат е патот на смирението. Бидејќи вистинското смирение тешко се достигнува, монасите честопати се преправаат дека се смирени, за да придобијат евтина и брза слава. Честопати и набожните христијани се оддаваат на тоа искушение – да се преправаат дека се смирени. За да го одбегнеме тоа лажно и погубително смирение, светите Отци не советуваат самите ништо да не зборуваме за себе: ниту добро, ниту лошо. туку да внимаваме над својата душа и внатрешно да се бориме со сите нејзини порочни движења. Не укоруваат ли, да молчиме и да не се оправдуваме. Инаку, ќе се појави гордоста. Не фалат ли, пак треба да молчиме и да не противречиме. Инаку, ќе се појави лицемерието. Човекот треба да се стреми да придобие внатрешно смирение, кое ниту од укорите се расипува, ниту од пофалбите се разбранува.

cross g047a73cec 1280

Преподобниот Амвросиј Оптински раскажува за еден монах кој постојано за себе зборувал: “Оф, јас бедниот!” Еднаш игуменот дошол во трпезаријата и откако го видел го прашал: „Зошто си ти тука заедно со светите Отци?“ Монахот навреден возвратил: „Затоа што и јас сум е ден од нив“.

Спротивно на тоа, вистинското смирение постапува сосема поинаку. Еве еден пример: Некој монах длабоко смирен и свет во животот, дошол на гости во еден манастир. Влегол во црквата да се помоли, а кога другите браќа седнале на братската вечера на љубовта, седнал и тој. Некои од браќата започнале да се прашуваат: „Што прави тој тука?“ Тогаш му рекле на монахот: „Стани и излези!“ Тој станал и излегол. Други, пак, од браќата се нажалиле, зошто тој брат бил избркан, па го повикале внатре. Без да пројави каков и да бил знак на нажаленост, тој се вратил. После тоа еден од браќата го запрашал: „Кажи ни, што мислеше и што чувствуваше кога те избркаа, а што откако те повикаа назад?“ Тој одговорил: „Јас се потсетив дека сум сличен на куче кое, кога го бркаат, излегува, а кога ќе го повикаат – доаѓа“.

Ете ова е вистинско смирение. Лицемерното смирение има толку заедничко со него, колку што има сламата со златото.

tikhon of zadonsk 260x220 1

Лажното смирение многу убаво го опишува свети Тихон Задонски.

Тој вели: „Има такви луѓе, кои однадвор се покажуваат смирени, но однатре тоа го немаат. Многумина од себе ги симнуваат разните светски чинови и титули, но не сакаат да го симнат високото мислење за себе; се откажуваат од честа и од световниот чин, но сакаат да собираат почести заради популарноста. Многумина не се срамат пред луѓето да се нарекуваат грешни, дури најгрешни меѓу сите, но не сакаат тоа да го слушнат од другите, и затоа само со устата се нарекуваат такви. Други, пак, како срп, имаат превиткан врат, но внатрешно се издигнуваат со својот ум. Некои прават ниски поклони пред своите браќа, но во своето срце остануваат непопуштливи. Други одат во искинати алишта, а не сакаат да ги искинат гревовите во своите срца. Многумина зборуваат малку и тивко, а други и сосема не зборуваат, но во своите срца непрестајно хулат против своите ближни. Некои со црна раса и со мантии го покриваат своето тело, но своето срце не сакаат да го покријат. По истиот начин ги покажуваат и другите знаци на “смирението”!… Но, сите тие немаат смирение во своите срца. Тие знаци можат да бидат одлика на смирението. Но, кога недостасува она што тие означуваат, тогаш тие не се ништо друго, освен лицемерие. Таквите се слични на мев, кој е надуен со воздух, а изгледа дека е наполнет со нешто убаво, но кога воздухот ќе се испушти, се гледа дека мевот бил празен. Или според зборовите на Христа Спасителот, тие се слични ’на варосани гробници, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија’ (Матеј 23, 27). Затоа човекот во своето срце треба да има смирение и секакво благочестие, зашто Бог суди по ’намерите на срцата’ (1. Кор. 4, 5), а не по надворешноста, какви што ние се појавуваме пред луѓето“.

Сите тие поуки светите Отци ни ги даваат, за да не запазат од опасностите на лицемерното смирение, кое не само што не го спасува човекот, туку единствено го прави достоен за повеќе казни. Единствено спасително е само вистинското смирение. Со сите други подвизи, ако тие не се посолени со солта на вистинското смирение, ние не можеме да се спасиме, туку само со вистинско смирение можеме да се спасиме, макар и без подвизи. Еден голем древен подвижник пророкувал дека во последните времиња нема повеќе да има такви строги аскети и подвижници, но тогаш вистинските христијани ќе се спасуваат само со своето смирение. А некои само со смирението ќе стигнат до големо совршенство.

Извадок од книгата: Архимандрит Серафим, Гордост и смирение, Брегалничка епархија, Штип 1995, 55-58

Преземено од Бигорски манастир

meblo trejd mialnici
10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…

Моќта на молитвата – од житието на Свети Јован Шангајски

Еднаш, за време на војната, снемало храна во сиропиталиштето во Шангај. Свети…