„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во Клубот на уметници (театарскто бифе) на Битолскиот театар. 

На 4-ти Ноември, на денот на ослободувањето на Битола се крена животната завеса на еден од бардовите на македонскота театарска и филмска сцена – Иљко Стефановски (1952-2011), во една од централните улици во Битола.

313989590 5782598848495909 7906320381556373121 n

Оствари улоги во значајни филмски македонски проекти: „Пред дождот“, „Апусрдистан“, „Крчма на патот за Европа“, „Сенки“, беше дел од актерската екипа нас популарните тв-серии „Салон Хармони“ и „Погрешно време“, играше во серијалите од културно –образовната програма на МТВ.

Оваа година театарската неповторлива грамада Иљко Стефановски кој поседуваше нескојдневен и неверојатно раскошен актерски талент ќе го славеше 70 роденден.

314421528 684972886170315 724005658328187864 n edited

Од неговата рана младост, па сè до неговото физичко заминување од овој свет – Иљко Стефановски оствари неповторливи театарски улоги како првенец на Битолскиот народен театар преку кои остана трајно запишан во македонската културно-театарска меморија, како уметник кој знаеше, можеше и бескомпромисно ја владееше театарската сцена и кога беше во центарот на театарското дејство и како спореден лик, дури и кога навидум имаше мала улога, а тоа ретко се случуваше поради неговиот раскошен талент, тој умееше да ѝ даде акцент и да биде значајно забележан. Публиката никогаш не остана рамнодушна на театраските претстави: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Женидба“, ,,Веселите жени од Винздор“,„Црквичето четириесет маченици“, „Сонот на летната ноќ“, „Хамлет“, „Магбет“, „Бегалка“, „Натемаго на филозофскиот факултет“, „Вечерва Фалстаф“ и уште многу други.

313931130 679969446891051 8857560251141444259 n edited

Иљко Стефановски во 1976 година го заврши факултетот за Драмски уметности во Скопје во класата на еден од доајените на македонската театарска уметност, актерот Илија Џувалековски.

Потекнува од семејството кое учествуваше во формирањето на Битолскиот народен театар, негов татко беше познатиот актер Ацо Стефановски кого публиката го памети по неверојатната харизма и моќен глас, а неговиот стрико- актерот и режисер Димче Стефановски во 1944 година ја режираше и ја играше насловната улога во едночинката „Ѓоре Магарески“ по текст на Владо Малески, со која се означи подигнувањето на НУ „Битолски Народен Театар“ кој годинава на 14 ноември ќе го прослави 78 роденден.

314013646 1203606236938009 8803391477984034137 n edited

Иљко Стефановски долги години беше селектор на фестивалот „Охридско лето“.  Добитник е на државната награда „11 Октомври“ и на многу други во Македонија и регионот.

Оствари улоги во значајни филмски македонски проекти: „Пред дождот“, „Апусрдистан“, „Крчма на патот за Европа“, „Сенки“, беше дел од актерската екипа нас популарните тв-серии „Салон Хармони“ и „Погрешно време“,  играше во серијалите од културно –образовната програма на МТВ.

313092829 1154305115223486 848994527625189634 n

Актерот Иљко Стефановски почина на 6 декември 2011 година. Битолчани, неговите колеги,  пријателите, семејството постојано се потсетуваат на шеговитиот, темпераменен и жив карактер на актерот кој живееше и твореше неповторливо.

Линк од претставата „Женидба“од Гогољ,  во режија на Александар Исаков (Русија)

Со ликовна изложба започна одбележувањето 65 години МНД – Битола
Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна …
Јачменот хранлива житарка богата со растителни влакна – клуч за добро варење
Една од најзначајните здравствени придобивки на јачменот е неговата висока содржина на …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…