nikola popcanovski

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не се запиша во училиштето каде што сакаше и имаше желба. Лицата со ретки болести и со посебни потреби се оние кои секогаш на свој грб ја чувствуваат неправдата и маргинализираноста. Но, како што Никола вели за Читај бе, оваа случка воопшто не го разочара. Напротив. Тој сега е ученик во СОУ „Таки Даскало“ Битола, на насоката рударски техничар, а она што го очекува од новата средина е да го разберат најнапред децата кои учат со него.

Поразговаравме со Никола за предизвиците со кои се соочува, за дискриминацијата кон лицата со ретки болести, но и за една негова пасија заради која веќе 4 години со ред нижи успеси и добива награди.

viber image 2023 09 05 12 58 52 381

Читај бе: Никола, најнапред кажи ни, како влијаеше врз тебе случката за која разбра и пошироката јавност?

Никола: Тоа беше лекција за мене и не делуваше обесхрабрувачки. Напротив ме охрабри да одам понатаму уште повеќе со крената глава.

Читај бе: Ти си еден меѓу ретките лица во Македонија со ахондроплазија. Колку ти беше тешко или лесно да се вклопиш во секојдневието, особено во основното училиште? Какви се битолчани во овој поглед, отворени се или затворени во предрасудите?

Никола: Мене во основно училиште не ми беше тешко бидејќи околината околу мене ме прифати таков каков што сум. Битолчани ги има многу и досега сите оние што ги запознав се отворени. Секој си кажува свое мислење, ми се случило директно в лице да ми речат „еее види се колку си низок’’ па сфатив дека има секакви луѓе. Повеќе не им обрнувам внимание на тие таквите, одам по својот пат и не се грижам што рекол некој.

Читај бе: Пред тебе е еден нов животен предизвик во средното образование. Што е она што очекуваш од новата средина?

Никола: Очекувам да ме разберат децата што треба да учат со мене, па и другите надвор во околината.

viber image 2023 09 05 12 58 51 902

Читај бе: Кои се твоите секојдневни препреки со кои се соочуваш, а кои би сакал да ги надминеш?

Никола: Моите секојдневни препреки се тоа што пешки не можам да изодам ни до првиот маркет, бидејќи почнува да ми трпне ногата и да не ја чувствувам. Па затоа морам да одам секаде со велосипед, а во нашиот град немаме велосипедски патеки, па движењето е небезбедно и отежнато низ сообраќајот. Потоа, дискриминацијата која ја гледам и слушам низ градот…јас се трудам да не обрнувам внимание на тоа, но не е сеедно.

Читај бе: Со какви проблеми се соочуваат лицата со ретки болести во нашиот град? Со вашето здружение „Ретки и различни“ заедно со твоето семејство сте активни на оваа тема обидувајќи се да им го доближите секојдневието на овие лица..

Никола: Лицата со ретка болест, па и другите, сите заедно се сочуваме со непристапност до многу институции, до маркети (продавници), настани… Овие лица се соочуваат со дискриминација, омаловажување и исмевање, исто и со проблем да не можат да си ги набават лекарствата, да примат терапии и ред други работи кои би требало да функционираат нормално, зашто се неопходни за секојдневното функционирање на еден човек.

viber image 2023 09 05 12 58 52 548

Читај бе: Со години наназад освојуваш голем број награди на интернационални натпревари по танц. Раскажи ни како започна сето тоа…кога почна да танцуваш и како се појави желбата?

Никола: Јас почнав да танцувам на свои 11 години. Желбата се појави случајно кога наставничката ми предложи и јас без размислување во истиот момент и одговорив дека ќе се потрудам бидејки тоа го сакам. Во изминатите 4 години имам освоено 15 први места, 2 втори места и 2 трети места што за мене се од огромно значење и напредок.

Читај бе: Во кои категории се натпреваруваш?

Никола: Јас се натпреварувам во Street Dance и во Hip Hop.

viber image 2023 09 05 12 58 51 735

Читај бе: Како се чувствуваш додека танцуваш?

Никола: Се чуствувам среќно и мотивирано за нови победи.

viber image 2023 09 05 12 58 52 132
meblo trejd lajsni

Читај бе: Би сакал ли да продолжиш со танцувањето?

Никола: Да, би сакал.

Читај бе: Никола, кажи ни кое е твоето хоби покрај танцот? Има ли нешто што би сакал да го направиш, но досега си немал можност?

Никола: Покрај тоа што велосипедот ми е превозно средство, исто така ми е и хоби. Досега не сум имал можност да возам автомобил, автобус, камион, за што инаку имам голема желба, но сум имал можност да возам трактор скоро преку цело лето во село, и јас мислам дека ќе дојде и тој ден да возам сé.

viber image 2023 09 05 12 58 52 466

Читај бе: Свесни сме дека лицата со ахондроплазија се прифатени низ целиот свет. Голем дел од нив се успешни актери, познати личности на социјалните мрежи со голем број следачи…како го коментираш ова?

Никола: Јас мислам дека е убаво тоа што го прават и ги поддржувам, за нив треба да знае цел свет. Убаво е и што на светот му даваат порака дека џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија, туку привилегија и со тоа сме уникатни и единствени.

Читај бе: Која е твојата порака до битолчани?

Никола: Мојата порака до битолчани е кога ќе сретнат лице со посебни потреби да не го исмејуваат и дискриминираат без разлика на дијагнозата.

meblo trejd cesmi во боја
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…

Интервју со Валентина Степановска Андонова, просветен работник на годината за учебната 2022/2023

5 Октомври – денот посветен на една од најблагодарните професии од почетокот…