bidi svoja nas

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка под мотото „Биди своја“. Линк за пријавување

Спортското здружение „Бори се за целта” кое е организатор на трката, ги поканува и охрабрува сите ЖЕНИ, МАЈКИ, ДАМИ и ДЕВОЈКИ да земат учество во ноќната трка од 5К и да доминираат низ битолските улици.

Со цел да се запознаеме подобро со трката, поразговаравме со жената која стои зад оваа идеја – Маја Атанасовска.

maja bidi svoja

Читај бе: Маја, најнапред кажи ни нешто за себе и како дојде до идејата за организирање на женска трка во Битола? Зошто токму женска трка?

Здраво, прво сакам да Ве поздравам Вас и Вашите читатели. Драго ми е што токму баш вашиот магазин ќе не поддржува и следи во проектот. Идејата е токму тоа, ставањето акцент на женската популација, со цел да им се даде поддршка и значење на тоа колку се битни во општеството, и колку значи постоењето како жени и мајки пред сé!

Читај бе: Она што навистина интригира е самото име – Биди своја. Зошто ова име, кое е значењето на овој слоган?

Знаете како, кога ќе си поставите цел во животот вие имате за што да се борите, знаете дека сте живи, дека постоите и целите кон таа цел за да успеете. Истото е и со самата трка, имате цел да истрчате неколку километри и она што е битно е да стигнете до таа цел, без разлика на исходот дали ќе успеете временски да постигнете резултат или не, но сепак битно е да се борите. На крајот од денот вие сте победници со самото тоа што сте земале учество!

Читај бе: Кажи ни нешто повеќе за трката, кога ќе се одржи, од каде ќе биде стартот, а каде целта, на колку километри ќе се трча…

Трката ќе биде ноќна на 5км и ќе се одржува во сабота на 17 јуни со почеток во 20 часот. Пред стартот ќе имаме мало загревање (детали не откривам) (smiley) и секако по финишот на трката, ќе има коктел забава каде натпреварувачите ќе имаат можност за мала дружба.

Читај бе: Кој сé може да се пријави на оваа трка, ќе има ли критериуми за пријава?

На трката можат да се пријават сите оние кои се припаднички на понежниот пол, но и едно мало изненадување на мое огромно задоволство, учество ќе земат деца како и децата со попреченост.

Читај бе: Како оди пријавувањето, што треба да направат? Од денес е достапен и линкот за пријавување…

На нашите платформи фб и инстаграм, ќе го најдат линкот за регистрација, каде што секој заинтересиран може да се најави и секако за да земе учество потребна е котизација.

bidi svoja logo 1

Читај бе: Која е целта на трката, пораката која треба да се прати?

Како што спомнав и претходно, без разлика на тоа каков и да биде исходот, секогаш борете се за целта, трчајте како теренот да е само ваш!! (smiley)

Читај бе: Кои се твоите сознанија за постоење женски трки во земјава и поширокиот регион?

Според сознанијата кои што ги имам јас, мислам дека само во Скопје се одржува трка за жени, но еве сега и кај нас во Битола, за која се надевам дека ќе прерасне во традиција!!

Читај бе: Кажи ни нешто за себе, чест учесник си на трките во Македонија и надвор. Кога започна да трчаш, каде сé имаш учествувано…

Па, да бидам искрена сум земала учество на многу трки низ државата, неодамна бев на ноќна трка која се одруваше во Солун, и можам да кажам дека секаде искуството е ново.

Читај бе: Што ти помага да ја одржуваш физичката кондиција на највисоко ниво и да постигнуваш одлични резултати?

Тука ја користам приликата да си ги поздравам моите од Фит Концепт, тоа е еден нов концепт на тренинзи во кој што се вклучени пилатес, аеробик и HIIT вежби во интервали со висок интезитет. Од неодамна јас сум дел од тимот како тренер во тој концепт и можам да кажам дека максимално се пронајдов и тука е моментот каде што јас ја добивам мојата енергија и физичка кондиција.

Читај бе: За на крај, една твоја порака до сите оние кои се двоумат дали да бидат дел од „Биди своја“…

Не се двоумете, бидејќи сепак станува збор за дружење, забава и нови искуства, нови почетоци, а можеби и откривање на поле за кое што не сте знаеле, а тоа е трчањето!!

viber image 2023 05 02 09 48 43 325
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…