Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која е и еден од основачите и воедно ја претставува Македонија во Светската Федерација за Боречки Вештини со седиште во Солун – Грција, успешно го заврши учеството на 6-тиот Светски шампионат кој се реализираше во периодот 12 – 15 мај 2023 година.
Светската Федерација за Боречки Вештини на иницијатива и на Granмaster Златко Неделковски (1960 – 2020) е основана 2017 година и е со седиште во Солун – Грција, а во неа членуваат над 35 земји.
На првиот квалификациски ден на 6-тиот Светски шампионат во боречки спортови и вештини кој традиционално се одржува во Серес – Грција, Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола се квалификуваше за борби со 12 натпреварувачи под тренерска и селекторска палка на Кик Бокс Мајсторот VI дан – Дијана Неделковска која по смртта на својот татко го наследи на позицијата основач и претставник на Македонија во Федерацијата.
На првиот натпреварувачки ден натпреварувачите на ЗА-НЕД-ДО се бореа во Кик Бокс дисциплините: Лајт контакт – Фул контакт и Лоу кик.
Освоени беа 11 светски титули – златни медали и реализирани се три загубени борби.
Додека во вториот натпреварувачки ден, дел од натпреварувачите на тимот беа предизвикани и остварија борби во Кик Бокс дисциплините, во варијации на категории при што освоени се уште 5 нови светски титули – златни медали, а 2 борби завршија со пораз.
Со ова целосниот биланс на светски шампионски титули на тимот на Дијана Неделковска составен од 12 натпреварувачи е 16 светски титули и реализираше 5 порази на 6-тиот Светски шампионат во боречки спортови и вештини во Грција.
На почетокот при церемонијата на Свечено отворање на Светското првенство бордот на основачи на Светската Федерација за Боречки Вештини на Кик Бокс Мајсторот VI дан – Дијана Неделковски и доделени почесна титула III дан на ниво во светската федерација, а кој се однесува на ниво на сите боречки спортови и вештини застапени во неа.
„Некако по навика Академијата за боречки спортови и вештини “Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола веќе 25 години од Светски натпревари во боречки спортови и вештини се враќа со огромен успех и феноменална реализација. 16 Светски титули со учество на 12 борци. Огромна благодарност на довербата на моите спортисти и нивните семејства.
Ова сепак е целосно контактен спорт. Фронталниот физички контакт е императив за успех, а минимализирањето на повредите e исто така есенцијален во успешната борба на спортистот.
Во Серес поминавме одлично. Го задржавме приматот кој го остави мојот татко – секогаш да бидеме најдобра репрезентација. Огромно изненадување за мене лично беше и доделениот III дан во сите боречки спортови и вештини кои се застапени во Федерацијата.
Препознавањето на квалитетот продолжува, а академијата го задржува своето светско реноме кое е ценето секаде освен во Македонија – по навика.
Веднаш по враќањето во Битола започнуваме со подготовките за 12-тиот Меѓународен т.н. Фестивал на боречките вештини кој исто така традиционално и оваа 2023 година ќе се одржи во Ставрос – Солун на 24 – 25 јуни” – изјави Дијана Неделковска.