346791661 580595687511969 4790167435895401066 n

На 11 мај 2023 година, со пригодна свеченост беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Ацо Шопов, на која учениците од нашата Гимназија од јазично-уметничка насока, генерација 2019-2023, во соработка со Културен и информативен центар- Битола, ја промовираа книгата со препеви на песни од Ацо Шопов – „Златен круг на времето” со поддршка од професорката по македонски јазик и литература Симона Петровска.

Свој придонес во препејувањето имаа професорката по француски јазик Жанета Наумовска и професорката по германски јазик Марија Стојановска. Ученичките Ангела Блажевска и Сања Простиженовска го изработија дизајнот на корицата.

Во предговорот кон оваа книга е запишано:

„Создавајќи го златниот круг на времето кој го поврзува веков, од раѓањето на поетот преку раѓање на зборот, до пресоздавањето на песната во поетовото перо на гледачот во пепелта, ќе продолжи да гори љубовта на огнот, а со неа како феникс ќе се преродува времето во зборот, а со зборот ние на сите јазици во светот ќе сведочиме.”

Од Гимназијата изразија огромна благодарност до Јасмина Шопова, ќерка на Ацо Шопов која ги удостои со своето обраќање од Париз, местото во кое живее денес и од каде ги поздрави со прекрасни зборови за младите креативни умови кои го чуваат споменот на поетот и неговата безвременска реч.

На настанот се обрати директорката на Гимназијата Лидија Споа на која учениците и се благодарни за целосната поддршка и можност како што рече „да бидеме чуени”.

346821084 229536269818731 4145198455095400355 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…