книга

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор, во Битола беше промовиран новиот епско-фантастичен роман, „Сонцето под земја, кралството над него” книга 1: „Неродениот и човекот кој не умре” на битолчанката Елена Бошбож.

kniga 2
kniga 7

Промотор на книгата беше м-р Маријана Котевска-Георгиева, извадоци читаше Бранислав Николов (Пијан Славеј), додека модератор на промоцијата беше проф. д-р Билјана Граматковски.

kniga 5
kniga 3

Дебитантскиот роман на Бошбож е првиот дел од епско-фантастичниот серијал „Сонцето под земја, кралството над него”

kniga 4

Кратка содржина на романот: Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.

Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.

sonceto pod zemja

Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.

Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.

Елена Бошбож (31.10.1996) е писател, магистриран професор по англиски јазик и книжевност. Посетува фантастични светови кога ќе ѝ здодее овој вистинскиот. Кога не е дел од воспитно-образовниот процес, е пред лаптоп или пред книга, смислувајќи понекогаш волшебни, понекогаш морничави приказни.

Пишува и на македонски и на англиски. Нејзиниот прв краток расказ на англиски јазик е објавен во The Dark Corner Zine во 2020 година. Гостуваше и во поткастот Sublimely Gothic. Член е на Македонското научно друштво од 2022 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…