350273512 979953183046905 7818454947354203230 n

„Сумнал“ – здружението за развој на ромската заедница во партнерство со невладините организации „Лачо Диве“ и “Ромаг започнаа да го реализираат проектот AE4WOMEN – Образование на возрасни за маргинализирани групи во период од 11 месеци.

Проектот AE4WOMEN има за цел да го олесни пристапот до Образованието за возрасни кај маргинализирани жени и жени жртви на родово базирано насилство. Во активностите предвидени во овој проект преку теми кои се однесуваат на подобрување на зелените вештини ќе се утврди методологија за пристап и работа со жените како и обука за давателите на услуги -провајдерите на образование на возрасни. Сите активности ќе бидат спроведени на начин кој ќе овозможи користење на дигитални алатки достапни за корисниците и корисничките на овој проект.

350360105 202440182226897 4289583559009125641 n

Во рамки на проектот се одржа транснационален состанок од 19-21 мај 2023 година во Битола за дефинирање на методологијата за пристап кон маргинализираните жени и жените жртви на семејно насилство како учесници. На состанокот се дискутираше и за размена на добри практики поврзани со методологијата за пристап до маргинализирани жени и жени жртви на семејно насилство, зелени вештини за маргинализираните жени и за утврдување на методологија за проценка на потребите за учење на жените поврзани со тема за користење на водните и енергетските ресурси и процесите на рециклирање дома и на платена и неплатена работа што ја вршат.

Се разговараше и за методологијата за проценка на можностите за користење на дигитални технологии во идниот процес на е-учење дизајниран специјално за маргинализирани жени и жени жртви на семејно насилство и изготвување на содржина за алатката.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус +, КА 210 – ADU Партнерства од мал обем во полето на образование на возрасни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…