filip angov
filip angov

Разговараше: Сара Танаскоска

Младиот музичар Филип Ангов чекор по чекор го гради својот музички пат, водејќи се од искреноста, креативноста и љубовта кон музиката. Иако својата музичка приказна официјално ја започнал за време на пандемијата преку социјалните мрежи, денес зад себе има бројни настапи и драгоцено искуство стекнато на сцената. Во разговор за нашиот медиум, Филип зборува за своите почетоци, предизвиците со кои се соочил, љубовта кон настапувањето и плановите за иднината.

filip angov 1
{“ARInfo”:{“IsUseAR”:false},”Version”:”1.0.0″,”MakeupInfo”:{“IsUseMakeup”:false},”FaceliftInfo”:{“IsChangeEyeLift”:false,”IsChangeFacelift”:false,”IsChangePostureLift”:false,”IsChangeNose”:false,”IsChangeFaceChin”:false,”IsChangeMouth”:false,”IsChangeThinFace”:false},”BeautyInfo”:{“SwitchMedicatedAcne”:false,”IsAIBeauty”:false,”IsBrightEyes”:false,”IsSharpen”:false,”IsOldBeauty”:false,”IsReduceBlackEyes”:false},”HandlerInfo”:{“AppName”:2},”FilterInfo”:{“IsUseFilter”:false}}

Читај бе: На која возраст почна да се занимаваш со музика?

Филип: Со музика почнав да се занимавам уште од мали нозе. Отсекогаш сакав да пеам и сонував еден ден да настапувам пред публика. Сепак, официјално почнав за време на пандемијата, кога почнав да пеам на социјалните мрежи и забележав дека интересот од публиката постепено расте. По завршувањето на локдауните и повторното отворање на дискотеките, добив можност за мојот прв настап. Иако музиката никогаш не ми била главна професија, од тогаш активно настапувам и стекнувам искуство.

Читај бе: Кој беше твојот прв настап и како се чувствуваше тогаш?

Филип: Мојот прв официјален настап беше во дискотека во Делчево. Искрено, тоа беше едно превозбудливо искуство. Бев скептичен како ќе изгледа сè, бидејќи настапите во дискотеки бараат многу енергија, подготовка и добра комуникација со публиката. Немав искуство со толку долг настап, па затоа вложив многу труд во подготовките и изборот на репертоарот. Токму на тој настап сфатив дека енергијата што можам да ја пренесам на публиката е нешто што природно го носам во себе. Фидбекот што го добив беше одличен и ми даде дополнителен мотив да продолжам да настапувам.

Читај бе: Каков вид музика најмногу сакаш да изведуваш?

Филип: Никогаш не си поставувам граници кога станува збор за музиката. Сакам да експериментирам и сум отворен за различни жанрови и стилови. За мене најважно е емоцијата што ја носи песната и можноста преку неа искрено да се изразам. Токму затоа не би можел да се ограничам на еден конкретен жанр, бидејќи уживам во различни музички правци и постојано истражувам нешто ново.

Читај бе: Кои музичари или бендови имаат најголемо влијание врз твојата работа?

Филип: Не можам да издвојам конкретен музичар или бенд што има најголемо влијание врз мене. Секако дека постојат домашни и странски артисти кои знаат да ми дадат инспирација или да ми отворат нов хоризонт за размислување, но секогаш се трудам да останам свој. Повеќе сакам да создадам нешто автентично и препознатливо за мене, отколку да се водам по туѓи идеи. Инспирацијата е добредојдена, но оригиналноста ми е многу важна.

Читај бе: Што е најголемиот предизвик со кој си се соочил како млад музичар?

Филип: Најголемиот предизвик за мене беше да бидам целосно искрен пред публиката. Не ми беше проблем да ја пренесам енергијата, туку да ги покажам оние најлични емоции и размислувања преку музиката. Кога создаваш нешто искрено, неизбежно е луѓето да имаат свое мислење за тоа, а порано знаев многу лично да ги доживувам коментарите. Со текот на времето научив дека токму искреноста е она што најмногу ја поврзува публиката со еден артист.

Читај бе: Дали повеќе уживаш во создавање музика или во настапување пред публика?

Филип: Искрено, тоа се два сосема различни света и уживам во двата. Создавањето музика е многу личен процес кој кај мене доаѓа природно, не можам да го форсирам. Инспирацијата мора да се почувствува за да се создаде нешто вистински искрено. Од друга страна, настапувањето е моментот кога сето тоа го споделуваш со публиката. Таму енергијата е поинаква, жива и непосредна. Можеби малку повеќе уживам во настапите, затоа што таму конечно го гледам резултатот од сè што сум создал и можам директно да ја почувствувам реакцијата на луѓето.

Читај бе: Со кој домашен или странски музичар би сакал да соработуваш?

Филип: Немам конкретен артист со кого би сакал да соработувам. За мене најважно е луѓето да се совпаднат енергетски и креативно. Кога постои природна поврзаност, заедничка визија и добра енергија, тогаш може да се создаде нешто навистина квалитетно и долготрајно. Не ми е важно дали некој е големо име, туку дали постои вистинска хемија во процесот на создавање.

Читај бе: Каде се гледаш себеси за десет години?

Филип: Искрено, немам конкретна слика за тоа каде ќе бидам за десет години. Би рекол дека се гледам како истиот Филип, само повозрасен и со многу повеќе музика зад себе. Би сакал низ песните што ќе ги создадам да се види целиот мој животен пат, различните фази, емоции, размислувања и искуства. Не размислувам многу за успехот, бидејќи музиката ја правам од љубов. За мене успех е кога ќе создадам нешто што мене ми се допаѓа и кога искрено ќе допре до луѓето што го слушаат.

filip

Читај бе: Три зборови што најдобро те опишуваат?

Филип: Експериментален, позитивен и храбар.

Читај бе: Што е следно за Филип Ангов?

Филип: Во наредниот период планирам малку да одморам, но и да размислувам за нови идеи и концепти. Кога тие идеи ќе бидат подготвени, ќе ги преточам во нови музички дела. Засега не сакам да откривам премногу, повеќе сакам публиката да ги слушне песните кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа.

Што се подготвува: Дали Алберт Ќеримов подготвува голем проект во Охрид?
Пред неколку месеци, името на Алберт Ќеримов беше тема на бројни разговори, …
Вртолом – празник на Светите Вартоломеј и Варнава
На 24 јуни, православната црква ги празнува Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, …
You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…