butin naslovna biljana

Вообичена дневна утринска рутина: се будиш сабајле (освен ако си од оние кои сметаат дека времето не постои), се мотивираш да се оттарасиш од сопствениот вишок, миеш очи (баба ми така велеше за миење лице наутро), заби (за да мени авата околу тебе), застануваш пред прозорец или уште подобро излегуваш на тераса и преку кафеџиската и никотинска култура или нешто друго инспиративно што мава директно на инспирација и интроспекција – добиваш впечаток каде си  и каков ќе биде денот, ги остриш забите, го облекуваш оклопот и се впушташ во секојдневието каде сите се зафатени, а никој ништо не работи – ( впечаток од социјалните мрежи).

Синдромот на жалење е уште една болна болест. На никого од нас ништо не му е доволно, а сите се борат со вишок – задоволството е покритие за гревот.

Пред години бев на некоја обука…ние ќе го спасуваме светот од сиромаштија… апсурд во хулахопка. Нè прашаа што претставува за нас сиромаштија и еден колега вели : „Сиромаштија е ко ќе немаш сол в очи да си фрлиш“.

Според самофалбите на социјалниве мрежи ние сме бомбона .

Е сега…стварноста се случува позади виртуелниот свет на млаки смонаречени ослободители.

Има сиромаштија, има глад, има смрт, има несреќи… луѓето во онкологија не седат од разонода.

Едно се мисли, друго се говори, трето се прави, четврто резулататот е „Ќелавата пејачка“.

Муабетот ми беше, да скратам, на тие што треба  да им се жалиме ние, ете, дојде ред да ги тешиме…

Воздух…нема, освен нешто што остана од залихите по стара цена, кока колата е поевтина од водата, буништето е новата животна средина.

И после, во демократија немало воено профитерство – нема леб, јадете колачиња…

 …ама и тие се ѓаол ипол.

Орхан Памук: Мудрости што остануваат запишани во времето
Овие цитати на Орхан Памук одекнуваат низ времето. Овој турски писател и …
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…