Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications

Велковска Represent Communications

Компаниите трошат огромни суми за рекламирање на телевизија. Што значи огромни? Според извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги  во 2019 комерцијалните телевизии во Македонија оствариле околу 20 милиони евра приходи од реклами. Сумата е незначителна споредена со над стотиците милијарди што во светски рамки се трошат на телевизиски реклами но во локален контекст воопшто не е за занемарување особено ако се има предвид ефектот од рекламите или повратот на инвестицијата.

Имаат ли ефект телевизиските реклами?

Истражувањето од 2021 година на Ана Тучман, вонреден професор по маркетинг во Келог, и нејзините соработници вели „баш и немаат“. Тимот на Тучман го анализирал ефектот на ТВ рекламите врз продажбата на повеќе од 200 пакувани производи за широка потрошувачка, вклучувајќи храна, пијалоци и основни производи за домаќинството. Истражувачите откриле дека рекламите имале многу помало влијание врз продажбата отколку што проценувале претходните студии. За многу производи, повратот на инвестицијата (ROI) бил негативен што значи дека компаниите потрошиле повеќе на реклами отколку што заработиле во дополнителната продажба.

Кој уште гледа телевизија?

Ако ги тргнеме настрана WOD, streaming платформите и апликациите, кој гледа т.н. линеарна телевизија? Факт е дека ќе се „паркираме” пред телевизор за live пренос да речеме од финале на Лига на шампиони или Европско во ракомет па макар и нашите одиграле само 3 натпревари. Сѐ уште има ситуации па и публика за телевизиска програма особено кога станува збор за пренос во живо. Телевизијата можеби и не е мртва но ТВ рекламите сигурно се. Aко 80% од ТВ рекламите имаат негативен ROI рекламирањето нема ни смисла ни економска оправданост.

tv ads 1111

Сѐ видов, реклама не видов

Еве да речеме и не ти е важна цената по секунда, закупуваш 20-30 секунди во рекламен блок на полувреме на финале од важен спортски натпревар, телевизорот е вклучен, каналот не се менува и гледачот ти се брои како изложен на твојата ТВ реклама но реалноста е дека гледачот, ако не е во тоалет или по пиво тогаш, сигурно е зафатен на телефон коментирајќи го натпреварот на социјални мрежи. 100% не ја ни регистрирал, а уште помалку запамтил рекламата. И да истото важи за рекламите пред вестите или во најгледаните турски серии.

Огромен трошок, минорен ефект

Во истражувањето кое се фокусира на 288 производи за широка потрошувачка на пазарот на САД, за да одреди колку рекламите ја поттикнале продажбата, тимот на Тучман воведува мерка наречена еластичност на рекламирање, која доловува колку продажбата се менува со дадено зголемување на изложеноста на реклами.

Просечната еластичност кај сите производи била 0,01 – што значи дека ако една компанија ги удвои своите ТВ реклами, продажбата ќе се зголеми за само 1 процент. Истражувачите, исто така, процениле колку брендови воопшто забележале позитивен ефект од ТВ рекламите врз продажбата. За приближно две третини од фирмите, ефектот бил нула. Дали компаниите по инерција планираат и трошат огромни пари за ТВ реклами?

Рекламирање на рекламата

Веројатно од свеста дека нема фајде од ТВ рекламите се раѓа и феноменот што во моментов е актуелен околу американскиот Super Bowl, рекламирање на рекламата или најава/ тизер на социјалните мрежи за рекламите што компанијата ќе ги прикаже на Super Bowl.

За илустрација е кампањата на социјалните мрежи околу рекламата на Uber Eats. Дејвид и Викторија Бекам, Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Џели Рол и Ашер преку своите социјални платформи ја билдаа тензијата околу рекламата која влезе во топ 5 од сите 59 прикажани. Прашање е дали ќе имаше глобален одек ако останеше на тв емитувањето. За повратот на инвестицијата ич да не прашуваме?!

Извор: Маркетинг365

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

Бутин: Кој е навистина слободен?

Пишува: Биљана Т. Димко Време е чекор по чекор да се припојуваат…