lazarov

Успешни луѓе во различни професии на тема успех кај Снеже Велков во „Нешто конкретно”. Традиционалниот начин на стекнување успех е малку изменет со текот на времето, бројките повторно ја оценуваат успешноста, но сега не само на дипломата туку и на следачите.

Одговори за тоа кога било потешко да се успее бараме од Гордан Калајџиев, д-р Ненад Лазаров, Миа Костова и Стефан Лазаров.

nesto konkretno so lazarov

Лазаров уште на почетокот се изјасни дека во животот не му било баш лесно, но токму затоа повеќе го цени тешкиот пат до успехот за кој сам се изборил.

Во емисијата имаме двајца роднини и двајца блокирани. Во двата случаи е поврзан гинекологот, акушер Ненад Лазаров кој е роднина очигледно со Стефан, а е блокиран со Миа Костова заради различни мислење на тема ковид, во студиото тие одговорија дека го надминале тоа но дали Ненад ја одблокирал Миа ќе треба допрва да провериме.

mia

Водителката и инфлуенсерка Миа исто така не се пофали со лесен пат до она што го има постигнато денес, а меѓу другото тоа е инстаграм профил, кој, според статистиките, е на исто ниво со еден солиден македонски портал.

Докторите бројките ги гледаат на сосема друг начин. Тој се пошегува дека бројката на инспекции што му стигнале на работното место е доста голема затоа што е гласен на Фејсбук и не се плаши да го каже своето мислење. Онаа другата поубава статистика во бројки за родени бебиња кај него е над 200.

kaladziev

Професорот Калајџиев успехот го гледа во создавањето на своето семејство пред се. За него бројката три деца е особено важна, бројката на плочите во колекцијата, а професионално е горд е со околу 200 пишани трудови. Но тој смета дека за жал вистинските дела не се ценат толку многу како што внимание привлекува некаква преписка на телевизија или на социјален медиум по која повеќе ќе ве запаметат или запознаат.

И Стефан не се жали од своите бројки, имено, тој се гордее со своите над 100.000 сабскрајкбери на Јутјуб. Тој е горд што младите луѓе гледаат мотив во него или инспирација да го следат неговиот пат, а тоа е токму неговата мисија.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…