Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило природниот закон на трулежноста.
Моштите не само што се нетрулежни во текот на вековите , туку ја сочувале мекоста својствена за обичното човечко тело.
Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36, 6 степени, исто така мy pacтат коса и нокти.
Она што најмногу изненадува е тоа што облеката што ја носи се менува на секои шест месеци, бидејќи е истрошена. Чуварот тврди дека имало моменти кога клучот едноставно не можел да ја отвори бравата. И тогаш свештениците знаат – дека нема светец во светилиштето, тој шета по островот.
Научници од целиот свет се обидоа да го испитаат феноменот на непропадливите мошти на Свети Спиридон, а црквата не им попречуваше.
Сепак, биофизичарите и биохемичарите, проучувајќи ги моштите на светителот, само ги кренаа рацете. Нема друго објаснување, освен чудо, за тоа што може да го види секој православен посетител на храмот во Крф.
Свети оче Спиридоне, голем чудотворче, моли се на Бога за нас!
ЕДНО ОД ЧУДАТА НА СВ.СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ
За време на својот престој во Оптинскиот манастир, Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.
Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Свети Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.
Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец. Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325 година. Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.
Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25 – ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот.
Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура.
Тој си дозволил себеси да даде примедба дека сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано. Потоа сосема се приближил до моштите на светителот, т.е светителот пред очите на сите … полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон тој „идеен“ наследник на апостолот Тома, кој бил наречен „неверен“, и проговорил:
„АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“
Каков е натамошниот тек на животот на тој почитуван Британец, за жал не е познато.
Но, Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.
Кивотот со моштите на светителот сиот е накитн со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Местото кадешто се наоѓа реликвијата е заклучено и чуварот го отвора само за православните поклоници, додека на римокатолиците им е дозволено само да го целиваат кивотот. Писателот го опишува изгледот на светителот – светиот Спиридон – „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот. Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот. Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата е малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата.
ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 36,6 степени.
Нему му растат и нокти и коса. И што е најчудно – облеката која му е облечена се менува на секои шест месеци, затоа што ветвее како да не лежи во кивотот, туку постојано да оди. Чуварот на кивотот кажуваше дека, се случува клучот да не може да ја отвори бравата на кивотот. И тогаш свештениците знаат – светителот едноставно не е во кивотот, тој оди по островот.
Извор: Православие.мк