Со повеќе од седум децении зад себе, „Танец“ е многу повеќе од уметнички состав. Тој е чувар на материјалното и нематеријалното наследство на Македонија, кое со гордост го претставува на сите светски сцени.

Меѓу бројните приказни на „Танец“, најпрепознатливо е „Тешкото“, оро кое одамна ја надминало рамката на „само оро“. Тоа е приказна за едно друго време, полно со мудрост, бавно и достоинствено, машко оро.

„Тешкото“ не останало само дел од минатото. Токму преку сценската адаптација на „Танец“, во 1950 година одекнало во Велика Британија и ја освоиле првата награда, односно Гран при на фестивалот.


По 76 години, приказната на „Танец“ повторно се враќа на британската сцена, овојпат со два настапи.
Првиот настап ќе се одржи во Лондон на 16 септември, а вториот во Оксфорд на 18 септември.

Оваа турнеја е прва од новата сезона на ансамблот, а воедно претставува значајно враќање на „Танец“ на сцените во Велика Британија и можност пред публиката повторно да се чуе звукот на тапанот, да се одиграат „Тешкото“ и „Драчевка“.
Елеонора Блажевска








