Разговараше: Сара Танаскоска
Во светот на рачната изработка, каде што секое парче носи лична приказна, Наталиа Ѓореска од Кичево се издвојува со својата креативност и посветеност. Нејзините уникатни модни аксесоари се резултат на љубовта кон уметноста, инспирацијата од природата и желбата да создава нешто посебно и свое.
Во ова интервју, Наталиа ни открива како започнала нејзината креативна приказна, што ја мотивира да создава и кои се нејзините идни планови.

Читај бе: Како започна твојата креативна приказна? Што те привлече кон дизајнирањето на модни аксесоари?
Наталиа: Од секогаш сум била креативна и сум си изработувала мали аксесоари за себе. Инспирирана од веста дека ќе станам мајка и на девојче, добив идеја да отворам онлајн страна и да почнам да израборувам и продавам аксесоари.
Читај бе: Што најмногу те инспирира кога создаваш – боите, природата, културата или нешто друго?
Наталиа: Најчесто се инспирирам од природата, од тоа во која сезона сме и што е тренд.
Читај бе: Колку време ти треба да изработиш едно уникатно парче? Што бара најмногу внимание?
Наталиа: Едно уникатно парче го израборувам за 7-10 денови. Зависи за што станува збор и колку треба да се посветам на истото.
Читај бе: Имаш ли омилен материјал со кој работиш? Зошто баш тој?
Наталиа: Бидејќи рачна изработка е љубов. Сите материјали за работа ми се омилени и не би можела да издвојам некој. Уживам додека создавам и креирам.
Читај бе: Кој момент од твојата кариера досега би го издвоила како најзначаен или најемотивен?
Наталиа: Најзначаен момент а исто толку и емотивен ми беше отворањето на моето ателје.
Читај бе: Кои се твоите идни планови? Дали тоа се можеби нови колекции, соработки или проширување на брендот?
Наталиа: Моите планови се да се надоградувам и да бидам се по креативна. Да работам и креирам во моето ново атејле.
Читај бе: Ако ја сретнеш Наталија од пред една деценија – што мислиш дека би сакала да слушне од тебе денес?
Наталиа: Ако ја сретнам својата помлада верзија би ѝ кажала силно да верува во себе.








