screenshot 1794502947332

Ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола ја претставуваат својата иновативна идеја „Светки“ на натпреварот „Средношколец милионер“. Станува збор за енергетски тепих кој со помош на пиезоелектрична технологија ја претвора енергијата од човечките чекори во електрична енергија.

Проектот е наменет за училишта, трговски центри и други јавни простори со голема фреквенција на движење, каде што создадената енергија може да се складира и да се користи за напојување на LED-светилки, сензори и други уреди со мала потрошувачка. Целта е секојдневното движење на луѓето да се претвори во корисен и одржлив енергетски ресурс.

Зад проектот стојат ученичките Стефанија Димовска, Ања Грамосли, Јана Василевска, Деа Атанасов и Дафина Дуковска, кои преку својата идеја сакаат да придонесат кон подигање на свеста за обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина.

За поддршка на оваа млада и креативна иницијатива, граѓаните можат да го посетат проектот „Светки“ на платформата „Средношколец милионер“ и да го дадат својот глас.

Гласајте тука: https://milioner.mk/vote/58aa6610-1c93-4c82-bc0f-4e16a935f9c7?fbclid=IwY2xjawVkPL1leHRuA2FlbQIxMABwZG9mBGJyaWQRMVRnNENnMWZQMW56N2JlbWFzcnRjBmFwcF9pZA81MTQ3NzE1NjkyMjgwNjEAAR9gSBoE4qhiKnUXxyFOZuPIwCvCt7yJlSx8skFXKNGja-uQ3sXkUKEda6zAMQ_aem_Ont_QR34pgF1K8cwa_l0WQ

MINDMATE – иновативната идеја на две битолски средношколки што помага во справувањето со стресот
Две средношколки од Битола, Драгана Бандиловска од СОУ „Таки Даскало“ и Теона …
Битолските стрелци освоија пет медали на Државниот натпревар во стрелаштво
Стрелците од Битола остварија одличен успех на Државниот натпревар во стрелаштво за …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…