277683717 2243522582452399 1086035006090134641 n

Репортажа на Сара Трајчевска

Ако имате прилика да го посетите Лисабон во Португалија нема да зажалите. Лисабон е пред сè град на културата, во него ќе сретнете еден поинаков однос од страна на Португалците кој нема да наликува на ниедно претходно искуство со кое сте се сретнале чекорејќи и патувајќи низ патеките на животот.

Секој еден поединец кој живее и се развива во Португалија е пред сè пријател кој ќе те поздрави при средба на улица, во кафуле или ресторан, без разлика дали претходно сте се сретнале или не. Жителите на Лисабон нема да имате шанса да ги видете без широка насмевка на лицето и неморално однесување. Етичноста е навистина на високо ниво и се чувствува убавата енергија која доаѓа од сите страни. Ако при престојот во Лисабон се почувствувате за момент лошо, само излезете надвор и прошетајте низ улиците на воодушевувачкиот град и ви гарантирам дека за момент секоја лоша мисла ќе исчезне од вашата глава. Невозможно е да се чувствувате лошо помеѓу толку среќни и задоволни индивидуиди.

За љубителите на храна, Португалците се вистински експерти. Засекогаш ќе ви остане во сеќавање пријатната атмосфера и прекрасниот вкус од местото каде што сте доручкувале или вечерале. Еден од најдобрите специјалитите во Лисабон се свежите сардини, португалската чорба, раковите, специјалните стекови во комбинација со ориз и морска храна, пилешкото piri piri и португалската риба.

Љубителите на спортови во Лисабон ќе имаат прилика да сурфаат по Атланскиот Океан, без разлика на годишното време, затоа што, таму, температурата е секогаш висока и претежно преовладува сончево време. Се сурфа со музика и одлична атмосфера. Освен сурфањето, атрактивно е и параглајдерството, нуркањето во природниот парк Арабида, летањето со воздушен балон над Лисабон, како и истражувањето на познатите пештери кои се во голем број. 

Оние кои сакаат да студираат или да го доживеат искуството на студент во Лисабон имаат огромна шанса да се запознаат со еден тотално различен систем на учење и полагање на предметите во споредба со балканскиот начин на предавање и полагање. На универзитетите во Лисабон ќе се сретнете со многу практика, така што оние кои не се љубители на теоријата ќе уживаат во секојдневното практично изучување на нештата. Целта е студентите да се обучат и да бидат подготвени за почеток со работа веднаш по завршувањето на образованието. Фокусот е целосно насочен кон практичните техники, додека универзитетите располагаат со потребни матријали кои самиот студент има шанса да ги земе, односно позајми, во текот на подготовката на практичните проекти, а потоа да ги врати назад.

Лисабон е вистинска летна атракција. Убавините и богатствата со кои располага самиот град и историја која е преточена во прекрасните градби и објектите кои ќе ги сретнeте е магична. Едни од најпознатите места кои не смеете да ги пропуштите се посетата на Атланскиот Океан и прекасните плажи накитени со уникатни пештери и карпи. Belem Tower претставува свечената порта на Лисабон, официјално позната како кулата на Свети Винсет. Museu Marinha е исто така прекрасна историска градба која важи за поморски музеј, посветен на сите аспекти од историјата на навигацијата во Португалија. Еден од најпознатите плоштади лоциран во самиот центар го носи името Praca do comercio, а прекрасен поглед кон океанот и прекрасната архитектура имате прилика да видете од местото наречено Miradouro de Santa Luiza и Santa Apolonia.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…