Големите луѓе не ги потценуваат другите. Тоа го прават само ситните души кои зграбиле трошка влијание или власт и почнуваат да се однесуваат како да се некакво божество. Тие само покажуваат колку ниско може да падне човек, какви бедни зборови можат да излезат од неговата уста и колку изобличено може да изгледа на тие нестабилни нозе. Ситните души ги рушат другите затоа што во нив сѐ е несреќно и неуредено, затоа што не се љубени и никогаш не го запознале поимот почит и самопочит.
Големите луѓе не потценуваат. Потценуваат оние што се изгубени и кои, по сѐ, остануваат сами и празни во својот лажен сјај што наскоро ќе избледи. Големите луѓе ги подигаат другите, им даваат крилја затоа што во себе носат бесконечен потенцијал што остава подобар свет околу нив.
Затоа, кога ќе се најдете во ситуација во која некој ве потценува или понижува, не возвраќајте со иста мера. Само сожалете ги – тие веќе си пресудиле самите на себе, а не на вас.
— Марио Жувела








