Божиќната ѕвезда е цвеќе кое сиот свој раскош и убавина го појавува во зимскиот период за време на божиќните празниците од каде и го добила името Божиќна ѕвезда.

flower g5057eab9f 640

Божиќна ѕвезда или Euphorbia pulcherrima е растение кое потекнува од Мексико. Расте во вид на жбун и ја има во повќе бои, од црвена, жолта, портокалова, крем па до бела. Поради нејзината убавина последните години тренд е да биде неизоставен декор за време на Божиќните и Новогодишните празници. За да уживате подолго време во нејзините цветови (кои се всушност обоени листови) треба да внимавате на нејзината нега.

meblo trejd cesmi 1
christmas star ge99c5ade2 640

Божиќната ѕвезда не сака многу топлина

Добро е да ја ставите на поладно место особено додека е во фаза на цутење. Никако не ја ставајте во близина на радијатор или пак друго грејно тело. Најмногу ѝ одговара температура од 12-20°Ц. Не обожава ниту провев.

poinsettia g28255652c 640

Треба многу да се внимава да има доволно влага. Не треба да се претера а ниту да се остави сува. Пред да ја наводните проверете ја земјата во саксијата. Премногу влага може да доведе до пожолтување на листовите и нивно опаѓање. Исто така многу вода може да доведе до гниење на коренот. Недостиг на вода ќе предизвика паѓање на листовите. Не треба да се остава вода во подлошката. Најдобро е да се наводнува на секои 2-3 дена. Добро е зелените листови да се оросуваат.

Прихрана

Во зимскиот период не мора да се прихранува. Може еднаш месечно да се дава прихрана додека е во фаза на раст.

christmas star g001621b2f 1280

Период на мирување

Откако ќе испаднат цветовите божиќната ѕвезда преминува во фаза на мирување и може да се премести на поладно место. Овој период трае до месец април

Кратење на гранките и пресадување

Потребно е да се пресади во друга саксија и да се смени земјата. Да се додаде околу 15% песок. Гранчињата се сечат на висина од 10см. Ова е потребно со цел да пораснат нови гранчиња. Местата каде што се пресечени треба да се заштитат со восок бидејќи истекува бела течност.Не треба да се дозволи истекување на таа течност бидејќи  нема да процвета. Белата течност е многу отровна и треба да се чува цвеќето надвор од дофат на деца. Доколку при сечењето ви капне на кожата, веднаш да се измие со вода за да се избегнат несакани последици.

Кон крајот на јуни може цвежето да се изнесе надвор  на топлина и светлина. Тогаш е во полн раст и може да му се додава прихрана. Кога ќе настапат студените денови се преместува во затворена просторија, најдобро до прозорецот.

Во есен Божиќната ѕвезда се преместува во темна просторија. Доколку е изложено на светлина ќе се наруши цветањето на обоените ливчиња.

Преземено од СЦЗРР

Златна камера 300 за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“
Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа …
Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

    Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…