ruska crkva

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој влегол во неа со немир, излегол со спокој во душата и срцето.

viber image 2022 06 13 11 40 40 013

А некогаш е доволно и да поседите и да си помуабетите во дворот на црквата, прекрасно уреден со зеленило и цвеќиња.

Црквата „Света Троица“ во Битола е изградена од Руси во 1926 година и токму затоа е позната и како Руска црква.

Изградена е во бурните времиња, во времето после страшната октомвриска револуција, да биде Ноев кораб на раселените руси, дојдени во Македонија. Оваа мала црква, требало да биде мала икона на светата Рус, далеку од татковината. Впечатливо, црквата првобитно и е изградена од дрвени штици, со изглед на типична малечка руска црквичка. Оваа црква била и дом, и библиотека и црква, на руските емигранти, но и на сите православни христијани од Битола. Црквата станува дел од живото ткиво на Христовата Црква која пребива во Битола, и така е до денес.

Во Руска црква денеска голем број верници го прославија празникот, втор ден Духовден. Домаќинката на црквата, тетка Вера вели дека имало десет куми за празникот оваа година, а празнувањето конечно се враќа како пред ковид пандемијата.

Последните години Руска црква доби нов лик, не само однадвор туку и внатре со благослов од Митрополијата, но и многу донации од верниците. Тетка Вера вели дека особено е среќна со таванот во црквата кој е реконструиран точно онака каков што беше претходно.

Всушност, црквата е обложена со дрво, со што се врати ликот на првобитна ,,руска“ дрвена црквичка.

Она што го планираат за оваа година е да направат мал иконостас во просторијата каде што е сместена одеждата на големиот угодник Божји, тогаш како јеромонах Јован, а денес св. Јован Шангајски.

287575966 1398017567367738 7307426511425658920 n

Денес, „Руската Црква“ го чува споменот на него, чувајќи ги и покажувајќи ги на верните предметите со кои св. Јован богослужел, неговите свештенички облеки и др. Со ставањето иконостас во оваа просторија, верниците ќе можат директно да се помолат пред верните предмети од него во оваа Црква, во која често богослужел за време на неговиот престој во Битола од 1927 до 1934 како професор на Богословијата во Битола.

287127377 993932484601344 5324246515970540467 n

Во последните години торжествено се слави неговиот свет спомен и може да се рече дека празникот на св. Јован Шангајски и Битолски е втора слава на црквата која се слави на 2 јули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…