Репортажа на Љубица Петковска

Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот најголем град во Баварија со над 500.000 жители. Големите ѕидини во стариот град се сведоци на многубројните историски и политички одлуки вклучувајќи и одземањето на германското државјанство на Евреите, а токму оваа одлука е главна причина за бомбардирањето на градот, кој бил срушен до темел.

2

Единствената градба која останала да сведочи на овој настан е Нирнбершкиот замок.

Сите главни атракции се сместени во стариот град, распослан на бреговите на реката Пегниц. Најдобриот начин да го истражите овој „бајковит“ и историски град е пешачка тура, но овој пат ние ве водиме низ главните атракции на божиќниот маркет на Нирнберг.

Кога би доаѓале во овој атрактивен германски град, а тоа да не е за Божиќ, можете да ги погледнете: Кралскиот замок и „Хајлиг гајст шпитал”. Градот е познат и по своите пазари на отворено кои нудат од сé по нешто како и: овошје, храна па сé до стари антиквитети.

На нашето видео ќе го погледнете – Божиќниот маркет „Нирнбергер Кристкинделмаркт”. Секоја година традиционално од 25 ноември до 24 декември во срцето на стариот град се одржува Божиќен Маркет кој датира од 1628 година.

Видео: димитар петковски

Овој традиционален маркет е вториот по посетеност настан по светски познатиот Фестивал на пивото – Октоберфест во Минхен.

Секоја година се поставуваат над 160 божиќни куќички со карактеристичен црвено-бел покрив. Во состав на Нирнбершкиот божиќен маркет се наоѓа дел посветен на градовите со кои е Нирнберг „збратимен” а тоа се точно 20 градови од целиот свет, а меѓу нив е и нашиот главен на Македонија, Скопје.

Заштитен знак на божиќниот маркет е златниот ангел направен од фолија кој првенствено се подарувал на децата како подарок за Божиќ.

14

Најголемиот украс кој го краси божиќниот маркет е женската црква уште позната како црквата на нашата дама – Богородица која датира од 1352 година.

Низ улиците на божиќниот маркет ќе ја почувствувате мешавината на традиционалниот Нирнбергер и мирисот на греано вино или далеку познатото – Глувајн.

Традиционалниот „Нирнбергер” е домашен рецепт за колбаси направени од свинско месо, печени на букови дрва и тоа секоја година подготвени од локалните касапи по оригинални рецепти. Чаша греано вино – вкус кој е единствен и препознатлив за германските божиќни маркети е и главниот пијалок на милионските посетители кои го одбрале токму Нирнберг како нивна Божиќна дестинација.

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Галерија од Празничната атмосфера од Пелистерскиот Новогодишен базар

Магичната бајка за време на новогодишните и Божиќните празници. Забавата која цела…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

„Македонијо во срце те носиме“ синоќа во Битола – Битолската коњаница Галоп ги развеа знамињата

Синоќа на платото на Офицерскиот дом во Битола се одржa вториот концерт од…