esm molika sliki 1 e1781537942942

Преку трипартитна соработка меѓу АД ЕСМ, ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци добиваат можност за дводневен престој на чист воздух во прекрасниот амбиент на Хотел „Молика“ на Пелистер.

Оваа заедничка иницијатива носи повеќекратни придобивки – децата да се дружат, учат и творат во природа, родителите да здивнат од секојдневните обврски, а Пелистер да одекнува од детска радост и смеа.

esm molika sliki

Со цел поттикнување на здравјето и психофизичкиот развој на учениците, директорот на Термоелектраните при РЕК Битола, Никола Кузмановски, истакна дека е чест што се продолжува оваа долгогодишна практика.

„Како општествено одговорна компанија, АД ЕСМ, во чии рамки функционираат РЕК Битола и Хотел „Молика“, секогаш се труди да биде двигател на заедницата и поддршка во различни области од секојдневниот живот. Свесни за предизвиците, ја препознаваме потребата фокусот да го ставиме на младите генерации, нивното здравје, образование, дружење и градење вистински вредности“, рече Кузмановски.

esm molika sliki 2

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денес ја пречека првата група од 75 ученици и им посака незаборавен престој исполнет со убави спомени. Оваа активност е уште еден доказ за успешната и континуирана соработка меѓу општината и АД ЕСМ во интерес на локалната заедница.

Втората група од 75 ученици со нетрпение го очекува своето заминување кон Пелистер оваа среда.

banner hotel molika
Теодосиј Поповски – 11-годишникот кој освојува џез сцени
Некои деца играат со музиката. Теодосиј Поповски живее со неа. Има само …
WORLD HITS NIGHT – Спектакуларна музичка вечер во Струга
Една сцена. Еден оркестар. Гласови од 20 држави. Една незаборавна вечер! На …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…