Споменикот на слободата: Во самиот центар се издигнува 35 метри висок гранитен столб со златна статуа на Свети Ѓорѓи (заштитникот на Грузија) како го убива змејот, изработен од познатиот скулптор Зураб Церетели.
Градското собрание: На самиот плоштад доминира и зградата на Градското собрание на Тбилиси со својот карактеристичен нео-маврски архитектонски стил. Веднаш на самиот Плоштад на слободата, на почетокот на авенијата Руставели, се наоѓа Galleria Tbilisi. Ова е огромен, современ мултифункционален трговски центар изграден на неколку ката. Покрај познатите светски брендови, во склоп на молот се интегрирани и театри, модерно кино, голем супермаркет и богат кат со храна, што го прави главно збиралиште на младите.
Многу блиску (малку подолу на авенијата) се наоѓа и помалиот Merani Mall.
Продолжувајќи по авенијата Руставели, влегувате во културното јадро на Грузија па следат Националната галерија на Грузија сместена во прекрасна зграда од 19 век, оваа галерија е позната и како „Сината галерија“. Таа е задолжителна постојка за љубителите на уметноста бидејќи ја чува постојаната збирка на ремек-делата на најпознатиот грузиски сликар – Нико Пиросмани (како и дела на Ладо Гудиашвили и Давид Какабадзе).
Грузискиот музеј за ликовни уметности е лоциран спроти галеријата, овој приватен музеј располага со модерна зграда на 5 ката и чува фасцинантна колекција на современа грузиска уметност од втората половина на 20 век до денес.
Националниот музеј на Грузија (Simon Janashia Museum) е сместен веднаш до Плоштадот на слободата. Познат е по својата „Археолошка ризница“ со античко злато и по потресниот Музеј на советската окупација на најгорниот кат.
Зградата на Парламентот на Грузија е една од највпечатливите и историски најзначајните градби во државата. Архитектура: Изградена е во монументален советски стил (изградбата траела од 1930-тите до 1950-тите) со карактеристични масивни столбови и високи лакови кои зрачат со моќ.
Историско значење: Пред скалите на овој парламент се случиле најсудбоносните настани за Грузија – од крвавата трагедија на 9 април 1989 година (кога советската армија растера мирни грузиски демонстранти), па сè до прогласувањето на независноста во 1991 година и современите проевропски протести кои редовно се организираат на овој простор.








