Што е Сувиот мост?
Сувиот мост и неговиот пазар на антиквитети и уметнички дела на отворено претставуваат едно од најавтентичните, најшарените и најфасцинантните места во Тбилиси. Така е наречен затоа што во основа тоа е мост врз автопат.
Лоциран во близина на реката Мтквари, овој пазар е вистински рај за колекционерите, љубителите на историјата, уметниците и туристите кои сакаат да почувствуваат дел од минатото на Грузија и на поширокиот кавкаски регион.Самиот мост е изграден во средината на 19 век од страна на познатиот италијански архитект Џовани Скудиери.
Името „Сув мост“ го добил во 1930-тите години, кога еден од ракавите на реката кој поминувал под него бил пресушен и претворен во улица, па така мостот престанал да премостува вода и почнал да премостува копно. Пазарот како што го знаеме денес се појавил на почетокот на 1990-тите години, во периодот на тешката економска криза по распадот на Советскиот Сојуз, кога сиромашните граѓани биле принудени да ги продаваат своите лични работи и семејни вредности за да преживеат.
Со текот на времето, оваа пазарна точка прераснала во најпознатиот пазар за антиквитети во земјата.Пазарот работи секој ден и нуди неверојатна мешавина од предмети изложени директно на тротоарите, на куфери или на импровизирани маси под дрвјата. За посетителите, прошетката низ пазарот изгледа како патување низ времето.
Атмосферата на Сувиот мост е опуштена и носталгична, а ценкањето не е само пожелно, туку е и дел од самата култура на пазарување тука. Продавачите, од кои многумина се постари граѓани, често се подготвени да ја раскажат целата историја и лична приказна зад предметот што го продаваат, што ја прави посетата на овој пазар незаборавно културно искуство.
Битни информации!
Ако пазарите на Сувиот мост мора да знаете дека на граница Царината има право да ви одземе предмет кој е постар од 50 години т.е. на некој начин ќе мора да покажете и докажете дека тој е произведен после 1977 година. Имено Грузија сите предмети кои се произведени пред 1977 година според Министерството за култура ги смета за културно наследство. Па внимавајте на изборот.
Воедно за купувањето на Икони кои е забрането да се пренесуваат низ граница најдобра опција е да ги побарате во официјалните продавници на Грузиската Патријаршија. Одберете она што ви треба и замолете да издада – залепат и запечатат Сертификат дека одредената икона е копија од оригиналот и е изработена не подолго од изминатите 10 години. Со тој документ немате проблеми како лично купив три Икони.








