daniela petrovska

Македонската книжевност е неверојатно стабилен бедем за македонскиот јазик. Не можеме да говориме за македонски јазик, ако притоа не сме нурнале во длабочините на книжевноста создадена токму на македонски јазик.  Во изминатиов период постојано излегуваат од печат нови книги, се промовираат нови автори – многу е важно книгата да го најде патот до читателот.

Додека растев беа глорифицирани странските автори, преведувани на македонски јазик. Но, кога, полека по службена должност на студент по книжевност и јазик, почнав да истражувам, сфатив дека сите големи или ако милувате светски автори…Маркез, Достоевски, Андриќ, Балзак не направија ништо посебно од македонските Костов, М. Андреевски, Солев, Дракул … тие ја раскажуват најдобро судбината на нивните луѓе, а нашиве – на нашите луѓе, или, просто и строго: „секој камен си тежи на местото“.

Затоа се одлучив по службена должност, да ги промовирам македонските автори. Во продолжение рецензијата за поетско-прозното дело на м-р Даниела Петровска:

„Книгата „Последниот лист гитарист“ ме врати во моето детство. Во периодот кога најмногу читав и впивав, па така запловив низ лавиринтите на сеќавањата, ми се разбудија мноштво мириси, гласови кои ме потсетија колку е битно човек почесто да си се навраќа на детските дни, од аспект постамено да ги издржи возрасните дела и размисли кои не секогаш ја имаат онаа моја детска широчина, без предрасуди, без стравови, без мрачни чувства кои го повредуваат човечкото срце, а после тоа плаче.

Додека ја читав книгата „Последниот лист гитарист“ до мене беше син ми, оди во градинка, па почнав да му ја читам наглас, од една страна сакав да го анимирам, а од друга страна ме интересираше како ќе регира на прочитаното. Иако, книгата е наменета за дечиња од седум години, па нагоре. Децата, воопшто, умеат да го пофалат убаво натокмениот збор. Како што му читав на мојот скоро петгодишен син, тој така повторуваше по мене, а во првиот дел каде се застапени расказите почна да ми поставува прашања, токму онакви какви што треба да бидат за негова возраст, според неговиот светоглед.

Не го го пишувам ова за го пофалам син ми, туку за да ја пофалам книгата и авторката м-р Даниела Петровска, која по теркот  на старите мајстори, има исткаено оригинална литература за деца и млади, без рок на траење. А ова го пишувам одговорно, бидејќи секој збор во книгата има вистинско место, како мозаиците на Хераклеа. Римите се смислени толку добро така што покренуваат интерес кај читателот, пример, јас посакав да има уште…бидејќи читајќи најдов современ македонски јазик, без грешка, а тоа денес е работа многу тешка.

И уште нешто.

Знаете ли колку голем предизвик е да се мотивираат децата функционално да размислуваат – многу. Настрана од тоа, авторката е во дослух со светот на децата и младите, претпоставувам дека е одличен слушател. Таа ги сфаќа детските маки на растење, ги претвора во игра, па така јунаците кои скршнале од вистинскиот пат, ги враќа, мудро ги советува – а во меѓувреме читателот неусетно се воспитува – за да биде умно дете.

Педагошко- социјалниот дел на книгата е типичен за денешните деца и млади, што е многу важно. Многу е битно да се третираат младите во времето со кое коегзистираат, за поуките и нараваоученијата од авторот да допрат соодветно до нив. Затоа ова книга ја препорачувам на секој наставник, не мора да предава Македонски јазик, бидејќи темите како што ќе воочите во содржината се разни и отвораат прашања на сите полиња на кои делуваат децата.

Не сакам да должам многу затоа ќе ја цитирам авторката, оваа реченица ме застана и ме подзамисли „За убав збор имам уво, а ни твоето не е глуво“.

Деца, родители, учители пред вас имате прекрасна книга.

мебло организатори

                                                                                            

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…