katerina

Катерина Мавровска е фотографка од Битола која со фотоапаратот се дружи од своите млади години. Таа е голем вљубеник во природата, која е нејзина голема инспирација. Под наслов „Црно и бело е сè“ Катерина ја организира својата седма по ред самостојна изложба. Изложбата ќе биде отворена денес, 10 мај во 19 часот во Центарот за култура Битола. Ова беше повод за кратко запознавање со Катерина и нејзината пасија кон фотографијата.

441956335 732297668808583 3111897818696533789 n

Читај бе: Катерина, најнапред кажете ни, кога беше Вашиот прв контакт со апаратот?

-Прв пат во рака држев фото камера на мои седум години, всушност тоа беше едно минијатурно фото камерче и со него ги сликав кокичињата на Тумбе Кафе. Од петто до осмо одделение бев во фотосекција. На мои 15 години, татко ми ми подари професионален фотоапарат Практика и никогаш не се делев од него. После тоа и во средно бев во фотосекција и научив како се пресликува на бела хартија она што сме го виделе преку објективот.

441171395 795721048861599 7760112494554726228 n

Читај бе: Што беше пресудно да се вљубите во фотографијата?

-Јас пред се сум вљубеник во природата и од малечка бев развигорче, па извидник и планинар. Фото камерата ми служеше да донесам на некој начин дел од природата дома и да уживам во фотографиите на кои беше отсликано она што ме правеше среќна, некое цвеќенце, некој поток, рекичка или било што друго што мене ме исполнуваше. Така што, љубовта кон природата се претопи и во љубов кон фотографијата.

meblo trejd cesmi1

Читај бе: Што е она што најчесто може да се најде на Вашите фотографии? Каде ја пронаоѓате инспирацијата?

-На моите фотографии најчесто можете да го видите или залезот или изгревот на сонцето, обожавам драматично небо со бурни облаци, водопади, морски бранови, со еден збор пејзажи.

Читај бе: Колку самостојни изложби сте имале досега и во колку градови сте гостувале?

-Оваа самостојна изложба е седма по ред. Првата изложба беше „Мариово Девствена убавина“, втора беше „Кајмакчалан гордоста на Ниџе“, па „Животот на Ромите“, 2011 година изложбата „Цветови“, 2015 година „Мариово и Пелагонија низ објективот на Катерина Мавровска“ и 2017 година „Црно Бело“. Со изложбите гостував во Скопје, Прилеп, Струга и Охрид повеќе пати.

Читај бе: На 10 мај ќе биде отворена Вашата најнова изложба, „Црно и бело е сè“. Кажете ни нешто повеќе за фотографиите кои ќе се најдат на изложбата, со каква техника и како се фотографирани…

-Мојата најнова изложба „Црно и бело е сè“ е нешто поразлично од првите изложби и содржи портрети на впечатливи ликови при случајни средби на улица и женски акт креативно во домашна просторија. А за да бидат повпечатливи фотографиите се во црно-бела техника.

Читај бе: Што е Вашиот предизвик кога се работи за фотографијата? Што е она што би сакале да го реализирате, а досега не сте имале можност?

-Кога се работи за фотографија предизвик може да ми биде било каква ситуација ако емотивно допре до мене. Нешто што би сакала да ми се реализира, а досега не ми се случило, е посета на егзотична земја на пример Кина, Тајланд итн. и да направам изложба со исклучително посебни фотографии на кои ќе биде отсликана друга, поинаква култура од нашата, поинакви пејзажи, поразлични изгреви и залези на сонцето…

Раскажи ми приказна: Професорката Змија Наочарски
Автор: Јордан Николов На професорката Змија Наочарски цело време ѝ студело. Без …
Зошто ги земаме здраво за готово оние кои се секогаш тука за нас?
Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она …
jk travel pobaraj ponuda 01

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…