naslovna aleksandra

34-годишната Александра од Битола е една од инспиративните приказни кои ќе го одбележат годинешното второ издание на женската ноќна трка Биди Своја. Таа работи како шеф на кујна и никогаш не се занимавала со спорт. Но, оваа година таа реши да заврти нов лист, да се предизвика себеси и да Биде Своја! Ги повикува сите жени да се пријават на трката Биди Своја и да си докажат прво себеси, а после и на другите дека можат да ја исполнат секоја зацртана цел.

Читај бе, како медиумски партнер на Биди Своја, ви ја пренесува приказната на Александра и нејзината мотивација да се пријави на трката.

aleksandra naslovna

Читај бе: Која е Александра?

Александра: Здраво јас сум Александра Ивановска од Битола, имам 34 години. Уште кога бев дете ме интересираше готвењето, сè што правев е учев и сè уште учам со голема љубов и мотивација и тоа ме доведе денес да работам како шеф во кујна во ресторанот Елисиум.

viber image 2024 04 13 19 32 30 460

Читај бе: Оваа година планираш да се пријавиш на трката Биди Своја. Кој е твојот мотив, што те натера?

Александра: Од самиот почеток ја следам организацијата на Биди Своја и мотивациските пораки што ги испраќа. Никогаш не сум се занимавала со спорт. И затоа сакам да ги охрабрам сите жени да се предизвикаат себеси. Кога јас се решив, можете и вие! Ајде заедно да застанеме на стартот и да си бидеме поддршка сите заедно до целта!

Читај бе: Кои се твоите секојдневни предизвици со кои се соочуваш, а кои би сакала да ги надминеш?

Александра: Покрај секојдневните обврски, брзиот начин на живот, секогаш се борам со прекумерна тежина и затворениот простор, и затоа најдов време и си поставив цел да пешачам дури 10 км, што за мене претходно беше невозможно затоа што си наоѓав изговори дека јас не можам и вака ми е добро, а тоа се одрази на моето психо-физичко здравје. А сега, се поврзав со природата и видов дека физичката активност е нешто што ми годи и имам придобивки од тоа, се чувствувам посреќна, поисполнета и со минус килограми. Значи за сè треба волја и ако се сака сè се може! Затоа, ја поздравувам организаторката Маја Атанасовска за сите напори што ги вложи за јас едноставно да го променам начинот на живот и да застанам на стартот на женската ноќна трка која ќе се одржи на 15 јуни во Битола во 19:30 часот.

viber image 2024 04 13 19 24 41 639

Читај бе: Што значи човек да е свој? Што треба да се направи да се излезе од зоната на комфорност и да се направи нов чекор кон подобра верзија на себеси?

Александра: Да се биде свој, значи да си се прифатиш со сите карактеристики, маани, доблести, да бидеш тоа што си и да бидеш најдобрата верзија од себеси. Во секојдневниот живот ние сме научени на едно исто темпо, еден ист начин на живот и тоа веќе нас ни станува рутина. Кога треба да направиме нешто поразлично, секогаш наоѓаме оправдување затоа што не сакаме да избегаме од комфорната зона, бидејки предизвикот го сфаќаме како оптоварување, како нешто да е премногу за нас! Кога ќе отстапиме од комфорот, тогаш можеби ќе се пронајдеме т.е ќе ја пронајдеме подобрата верзија од себеси.

viber image 2024 04 13 19 28 25 194

Читај бе: Колку жените имаат притисок од нереалната слика на социјалните мрежи да бидат совршени? Како жените го прифаќаат тоа?

Александра: Не мора да значи дека сликата на социјалните мрежи е секогаш реална! Во секојдневието гледаме различни профили на луѓе, некои мотивирачки, а некои искомплексирани. Најубави сте кога сте природно насмеани, а не со ботоксот и напрчените усти! Затоа бидете свои, бидете единствени и не гледајте што прават другите, туку работете на себе, сакајте се такви какви што сте, тоа е реалноста.

viber image 2024 04 13 19 25 27 782

Читај бе: Што би сакала да промениш во твојот живот? Дали Биди Своја е првиот чекор?

Александра: Да ги задржам здравите навики, да се надоградам како личност во секое поле, и да одговорам на нови предизвици затоа што секој предизвик е лекција, а со тоа и нови искуства! Затоа ајде заедно со Биди Своја да го направиме првиот чекор!

Читај бе: Порака до сите жени…

Александра: Жени бидете си свои, бидете си поддршка, немојте да бидете строги кон себе, секогаш ставајте се на прво место без разлика на сè, затоа што жените го движат светот. Ве сакам сите! Ѝ благодарам на организаторката и ѝ посакувам многу успех, да продолжи да го работи ова и да продолжи да нè мотивира ❤️👍

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

viber image 2024 04 14 22 11 20 499
meblo trejd cestitka
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…