Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот.
„Тоа е и целта на Ноќната женска трка „Биди своја“ која оваа година ќе го има своето второ издание во Битола. Минатата година, трката имаше неверојатен одзив кај сите жени, мајки, баби, девојчиња кои веруваа во себе, беа свои и беа дел од „Биди Своја“. Вози го животот како трка со препреки и не застанувај.Силата и упорноста на жената не познава граници.Не се мери со бројката на годините,туку со моќта на волјата и младешкот дух кој го носиш во себе. Покажете си себеси колку сте силни и предизвикајте ги сопствените граници“, вели Маја Атанасовска, организатор на трката.
Годинава трката на 5К е закажана за 15 јуни во 19:30 часот, а наскоро ќе започне и пријавувањето.
Како ексклузивитет, организаторите го најавуваат учеството на KANGO JUMPS.
„Имаме чест да ги најавиме специјалните гости кои ќе бидат дел од овај неверојатен настан. KANGO JUMPS Клубови со нивните впечатливи кореографии и Kangoo Jumps обувки ќе бидат задолжени за започнувањето на трката и создавањето на вистинска воздушна забава“, вели Атанасовска.
И оваа година Читај бе е медиумски партнер на трката „Биди Своја“.