narodni nosii

22-годишниот Дамјан Ристовски од Трубарево е колекционер на народни носии и песни од сите предели на Македонија. Тој е уметник и голем љубител на древната традиција на нашата држава. Тој ги освои срцата на публиката кога ја покажа својата баба и го раскажа целото минато заедно со неговите колекции. Дамјан освен тоа што собира носии тој исто ткае на разбој кој го добил од својата сосетка. 

MicrosoftTeams image 3

Читај бе: Раскажи ми накратко за тоа кој те поттикнал да се занимаваш со колекционирање на народни носии.

Дамјан: Искрено немав потик од никого, идејата за собирање народни носии беше сосема случајна. Заминав на село и таму најдов една кошула и скутина и ги зедеов. После некое време ме заинтересира дали моите сосетки имаат вакви носии, дали ги сочувале. Почнав да ги прашувам и така тие почнаа да ми подаруваат, една па друга и беа многу изненадени дека мене ме интересира за нивната младост и тоа како тие се облекувале.

MicrosoftTeams image 11

Читај бе: Што научи од твојата баба и кој нејзин совет никогаш нема да го заборавиш?

Дамјан: Од мојата баба учам и ден денес впрочем таа е полна со знаења и интересни приказни кои сака да ми ги пренесе. Од нејзе никогаш нема да заборавам дека човек мора да си ја заслужи почитта!

MicrosoftTeams image 2
MicrosoftTeams image 12

Читај бе: Најретката носија што едвај си дошол до неа е?

 Дамјан: Засега дефинитивно тоа е Дебарската носија и сум во фаза на комплетирање.

Читај бе: Како оди процесот на зачувување на носиите?

Дамјан: Носиите се чуваат во мојот дом во посебна просторија, во дрвени ковчези и голем дрвен креденец. Се перат на посебен начин, се реставрираат и се чуваат правилно здиплени и секако со средства против штетници.

MicrosoftTeams image 8
MicrosoftTeams image 6

Читај бе: Учеше во средното училиште „Илија Николовски Луј” на насоката за традиционална игра и песна. Каде планираш понатаму или некои твои идни планови за образование?

Дамјан: Завршив во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј во насоката за Традиционална музика и игра. Сега сум апсолвент на катедрата за Етнологија и антропологија при ПМФ во Скопје. Планови имам многу, но се во свое време, сега не би можел да дадам точен одговор.

MicrosoftTeams image

Читај бе: Дали имаш носии кој не се само од македонското поднежје?

 Дамјан: Имам носии и од соседните држави како што се: Србија, Бугарија, Албанија.

Читај бе: Како млад човек од твоја перспектива кажи ми што мислиш, дали младите го сакаат фолклорот на Македонија, нашите песни, ора и носии и што треба да се направи за повеќе млади да го засакаат фолклорот?

Дамјан: Сметам дека младите благодарение на културно уметничките друштва се уште го чувствуваат фолклорот за близок така што мислам дека засега е одлично прифатен. Што повеќе треба да се направи на оваа тема…искрено доколку би се прашувал јас Фолклор би требало да се изучува задолжително од прво до деветто оделение во основните училишта. Што има подраго од тоа да изучуваме предмет  како нашите дедовци, прадедовци живееле, како се облекувале како зборувале како пееле. Според мене тоа би било нешто најдобро што може да му се случи на образовниот процес!

Читај бе:  Кој ти го подари разбојот и колку е тешко да почнеш од 0 ткаејќи сам без помош? И можно ли е да се успее сам/а?

Дамјан: Разбојот искрено си го откупив од моја сосетка за што сум и многу благодарен. Секој почеток е тежок така што и моето патешествие со разбојот воопшто не беше лесно. Меѓутоа мојата упорност и решителност дека тоа што сакам да го правам ќе го правам, доведе до голем успех кај мене

Читај бе: Што би им порачал на младите во Македонија?

Дамјан: Би им порачал да членуваат во фолклорни ансамбли и да придонесат во зачувување на македонштината.

Читај бе: Колку часа дневно ткаеш?

Дамјан: Искрено сега немам толку време меѓутоа кога имам нарачки се случува и по 6 или 7 часа да се посветам на ткаењето.

Читај бе: Исто така интересно за тебе е дека освен на носии, ти си колекционер на народни песни. Се сеќаваш ли на првата првата напишана или твојата омилена песна? Од каде ги наоѓаш тие песни кои се реткост да се слушнат во денешно време?

Дамјан: Народните песни се нешто посебно нешто што во мене буди посебно чувство. Досега успеав на теренот да снимам околу 700 народни песни од повеќе етнички предели, но секогаш ќе ми остане запаметена песната „Запејала сојка птица” која ја снимив прва од мојата сосетка баба Јагода во 2016 година. Инаку, народната песна уште повеќе ја засакав во 2017 година благодарение на баба Цвета која успеа да ми пренесе 170 песни односно да ми ги испее и јас да ги снимам. Тука почнав и да пеам со неа…

Ноам Чомски за штетноста од оценувањето и рангирањето на децата и наставниците
Аврам Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) е американски …
Зајдисонце – момент кој носи чувство на спокојство и размислување
Во изгрејсонцето уживаат само ранобудните и ја нема секој таа можност во …
meblo trejd cizmi 1

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…