NASLOVNA BIDI SVOJA

На 15 јуни 2024 во сабота со почеток во 19:30 часот ќе се одржи второто издание на женската атлетска трка „Биди Своја“ во Битола.

И познатата битолчанка, Каролина Гочева ги повика сите жени и девојки да се пријават на истата.

Спортското здружение „Бори се за целта“ втора година со ред ќе организира ноќна женска трка по улиците низ Битола, поттикнати од успешното второ издание на „Биди Своја„ организираме и оваа година оваа прекрасна спортска манифестација каде што ги покануваме сите професионалки, рекреативки и сите останати кои сакаат и можат да се предизвикаат и да учествуаат на ова второ издание.

ЧИТАЈ БЕ и оваа година е медиумски покровител и на годинешното второ издание на женската ноќна трка „Биди Своја“.

„Биди Своја“ е улична атлетска трка во должина од 5 км по улиците на Битола. Стартот на трката е пред кафе бар Тач, улица „Иво Рибар Лола”, „Македонска фаланга“ се до раскрсницата на улица „Македонска Фаланга” и ул. “Крушевска Република”. Од раскрсницата на ул “Македонска Фаланга” и ул. “Крушевска Република” се трча до улицата „Студенска”. Од ул „Студенска” градската ноќна трка завршува со враќање по истата патека до завршната точка, а тоа е „Офицерски дом”.

„Биди Своја“ минатата година броеше над 250 учеснички и се надеваат на уште поголем број годинава. Организаторите најавуваат поединечно и тимско рангирање на сите учеснички кои ќе настапат со најмалку 4 натпреварувачки во нивниот тим.

Регистрацијата е отворена од 1 Април до 5 Јуни.

Пријави се ТУКА

Пакет: 800 денари до 25 мај, 950 денари до 5 јуни

– Официјална маица од трката

– Финишер медал

– Стартен број со чип

– Официјални фотографии од натпреварот

– Осигурување

– Производи од спонзори

– Освежителни станици

– Електронска диплома

– Резултати во живо

Контакт:

– Телефон:075-719-599

– Маил:bidisvoja23@gmail.com

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…