time 11

Дали припаѓате на оние кои секогаш стигнуваат први на договорен состанок или пак сте од оние што вечно доцнат? Секако, никој нема да ви замери ако понекогаш задоцните неколку минути. Но што кога тоа доцнење станува навика? Што навистина значи „договор“ за луѓето кои никогаш не пристигнуваат на време?

Разбирливо е што оние кои ве чекаат стануваат изнервирани – доцнењето најчесто покажува недостаток на почит и обѕир кон времето на другите. Освен ако немате навистина добар изговор, по можност надвор од ваша контрола (на пример, несреќа на пат), вашето доцнење испраќа порака:
„Моето време е поважно од твоето.“

Особено е непристојно доцнењето на формални и важни настани, како венчавки или погреби, но тоа не значи дека е прифатливо постојано да се доцни и на неформални средби, како кафе со пријатели.

Што кажува доцнењето за нас?

Доцнењето не само што ги навредува другите, туку и ја поткопува личноста што доцни. Може да биде знак на слабо планирање, недостаток на волја, организација или емпатија. Често, луѓето кои доцнат имаат проблем со поставување реални временски рамки – или го пренатрупуваат својот распоред, или го потценуваат времето потребно за патување.

Но зад ова се кријат и подлабоки причини – како самозалажување, потреба за контрола или пасивна агресија.

running 1999270 1280

Самозалажување и желба за внимание

Со честото доцнење, свесно или несвесно, личноста може да испраќа порака дека е поважна од другите. Всушност, често станува збор за чувство на инфериорност кое се прикрива со обид за доминација. Некои луѓе кои редовно доцнат имаат навика да влегуваат гласно, да привлекуваат внимание, веднаш да се изговараат или да бараат услуга. Тоа е форма на пасивна агресија и начин да се наметнат.

Доцнењето како прикриен бес

Луѓето кои изгледаат смирено, но во себе носат потиснат бес, понекогаш го користат доцнењето како тивок начин за изразување отпор. Тоа е форма на пасивна агресија – скриен начин на покажување лутина, без да се открие вистинската причина за незадоволството.

Сигнал од потсвеста

Важно е да се напомене дека доцнењето не секогаш е патолошко однесување. Понекогаш, особено ако се повторува со истите луѓе или на одредени настани, тоа е сигнал од вашата потсвест дека воопшто не сакате да бидете таму.

Секојпат кога доцните, обидете се да си го поставите прашањето:
„Зошто точно доцнам?“
Дури и ако одговорот е „затоа што сум зафатен“, запрашајте се зошто токму тогаш сте преполни со обврски. Често, кога нешто не ни е по ќеф, си наоѓаме илјада задачи за да го одложиме.


Извор: Psychology Today

Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …
Термоелектричната централа "Битола"

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…