indira

Во новото издание на „Нешто конкретно” разговараме со луѓе што оставиле трајни вредности на македонската сцена. 

Можеме ли луѓето што се креатори на трајните вредности да ги наречеме професионалци? Што кога ќе ја добиеш титулата за трајна вредност, дали после тоа треба да си ќутиш и да си траеш или напротив треба да ја уживаш сета вредност што ја носи таа титула заедно со сите привилегии? Што е побитно за да добиеш трајна вредност – доволно години или доволно успеси? Овие и други прашања ги разработуваме со нашето особено високо друштво – Љубчо Бубо Каров, Индира Кастратовиќ, Ранко Петровиќ и Вера Мештеровиќ.

Како изгледаат јавните личности во очите на публиката што кога ќе ги видат во живо им велат – еј па ти бил многу нормален? Треба да се свати како комплимент или навреда? Ранко се пошегува дека него обично го прашуваат дали е Горан Пандев поради физичката сличност. Дали и вие сметате дека наликуваат еден на друг?

Вера Мештеровиќ сведочи за тоа како гледачите ја доживуваат дигнато се додека не ја запознаат во живо. 

Дали Индира Кастратовиќ имаше поголема вредност како играч или како тренер? Таа смета дека како играч оти кај нас во суштина вредноста е во резултатот, затоа што во Македонија сите сме тренери и селектори.

Бубо Каров или Цацко е особено горд бидејќи природните скулптури во Конопиште беа именувани според неговиот лик. Тој ќе раскаже како тие го добиле ова име и зошто. Цацко исто тска зборува за тоа како самите не биле свесни колку К-15 се популарни од што толку биле посветени на својата работа. Се потсетува како Горан Стефановски им ги отворил очите за тоа.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

meblo trejd cestitka
Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…