silvana naslovna

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од проф. д-р Силвана Нешковска. Промотори и рецезенти на книгата беа проф.д-р Златко Жоглев, проф.д-р Гордана Стојаноска и проф.д-р Даниела Андоновска, модератор на промоцијата беше проф.д-р Билјана Граматковски.

Силвана Нешковска родена е во Постојна, Р. Словенија. Основно и средно образование завршила во Битола, додека сите три циклуси од високото образование на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

viber image 2023 03 21 08 47 09 445

Во 2008 година ја започнува својата академска кариера на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола, а од 2014 наваму е делот од кадарот на Педагошки факултет – Битола каде предава повеќе предмети од областа Англистика на додипломски, постдипломски и докторски студии. Во 2020 година избрана е во звање вонреден професор на Педагошки факултет – Битола, и е акредитиран ментор на постипломски и докторски студии.

viber image 2023 03 21 08 47 37 914

Таа активно се занимава и со преведувачка дејност и бил дел од повеќе преведувачки проекти меѓу кои се и следниве: превод на поезија од Радован П. Цветковски; Превод на изложба организирана од Австрискиот Конзулат во Битола; Превод на поезија за потребите на списанието „Современи Дијалози“; Превод на монографија издадена од Македонското научно друштво – Битола и др.

viber image 2023 03 21 08 48 02 908

Нешковска автор е на учебник за преведување наменет за студентите по англиски јазик и книжевност како и ко-автор на уште неколку други стручни монографии од областа на преводот и прагматиката.

Поезијата се доживува не се толкува:

НОВ ДОМ

Кога го градеа својот нов дом

летната жега им помагаше

во мешањето на малтерот.

Mудроста на возраста ја ставија во темелите

за да ја направат упориште

што ќе ги одврати сите урагнани, торнада и тропски бури.

Во ѕидовите ја вѕидаа креативноста на младоста

и ја издигнаа на повеќе ката

за да имаат подобар поглед кон сите идни изгрејсонца и зајдисонца.

Армираниот бетон во столбовите го шеловаа со упорност,

а под покривот, над плочата, мајсториски ги наредија гредите на истрајноста

за да биде тврдина

да биде пробежиште

да биде дом

на оние што се

и оние што идат да бидат.

ЗАГОВОР

Дознав дека нешто се заговара

во свиoците на артериите и вените

кога километрите гордо застана

меѓу нас

и нѐ чуваа затворени во различни мозочни хемисфери

јас во левата, ти во десната

јас, во потрага по себе

во центрите за говор и слух

ти, во исчекување да се најдам

и таму да те најдам и тебе

за да почнам од почеток

со совршена моторика

и беспрекорна реторика

и да му одговорам потврдно

на спојувањето на генетските кодови

и создавањето на новите хромозоми.

ДЛАБОКО НУРНУВАЊЕ

Немав наутички вештини

ни компас ни навигација

не знаев ни да пливам

но сосема свесно

и под морална и етичка одговорност

скокнав од работ на совеста

и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток

Ми фалеа и едра и кормило

но сепак решив да пловам до белодробието,

да се закотвам во десната комора,

и таму да пулсирам

до последната плима и осека.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…