,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид Шварц

Книгата, ,,Магијата на големото размислување”, од Дejвид Шварц ни помага да се соземеме и мотивирано да продолжиме да чекориме по сопствениот пат, собирајќи ги најправилните мисли и тргајќи ги сомнежите кои повремено ни се појавуваат, со цел да не спречат во остварувањето на одредена, замислена цел. Дejвид Шварц во своето дело ни покажува колку е бeзначајно да мислиме на тоа, што не можеме, зошто не можеме, зошто не би требало да преземеме одреден чекор и колку сме безвредни во споредба со останатите. Сите овие мисли можат и тоа како да не спречат во остварувањето на замислените цели. Она што е најзначајно и кое што треба да го извлечеме од делото на Шварц, е збогувањето со изговорите дека нешто нема да функционира како што сме замислиме, односно наместо да користиме изговори пожелно е да научиме како да размислуваме со доза позитива и самодоверба, кои во иднина би резултирале со позитивни исходи. Самото дело ни помага да сфатиме колку е значајно користењето на мозокот, правилното размислување, затоа што денес, најпотребни ни се луѓето кои навистина знаат како да размислуваат.

сварц

,,Rich dad, poor dad” – ,,Богат татко, сиромашен татко” од Роберт Киосаки

Роберт Киосаки е инвеститор-милионер, автор и предавач, кој уште од своето рано детство ја имал шансата да размислува од две сосема различни перспективи. Од една страна го имал својот биолошки, сиромашен татко, а од друга страна неговиот втор, богат татко. Од самото дело можеме да научиме што се случува во семејствата на сиромашните, а што во семејствата на богатите. Книгата е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите, не учи да работиме на сопствената финансиска интелигенција, која според авторот, дефинитивно не се учи на училиште. Во денешно време е многу значајна контролата врз финансиите и финансискиот прогрес, па доколку сакате да започнете со правилно размислување за тоа како да преземете контрола врз сопствените финансии, топло ви ја препорачуваме книгата од Роберт Киосаки. Тој во една пригода низ книгата вели: ,,Сиромашните и средната класа работат за пари. Парите работат за богатите.

рицх

,,Завршете со позитивна нула од Бил Перкинс

Оваа книга не учи на тоа како да работиме, а истовремено и да собираме искуства. Работата не е се во животот, вели авторот Бил Перкинс. Работа, без патувања, нови животни искуства, возбуди и авантури е безвредно трошење на животот, кој можеби е една и единствена шанса да се видат богатствата на Земјата. Во животот треба да сме доволно паметни, освен што ќе се вложиме целосно во работата, да успееме да издвоиме парче раат и дел од заработката за да си пружиме одредено задоволство, кое ќе не направи уште побогати, земајќи го во предвид учењето на нова култура, јазик или запознавање со народ, кој сосема се разликува од оној кој веќе сме го запознале и проучиле.

Zavrshete so pozitivna nula

Авторот сака да не спаси од прекумерено штедење и едноставно преживување. Тој не потсетува на фактот дека треба да се опуштиме и да живееме, односно да си го оптимизираме животот така што ќе уживаме во она за кое сме работеле и штеделе.

,,Моќта на цврстиот карактер” од Анџела Дакворт

Страста и упорноста водат до целта, вели авторката Анџела Дакворт. Авторката споделува со јавноста многубројни истражувања, кои ги направила во текот на својот живот, само со цел да докаже дека талентот е најневажен за постигнување на успех. Две главни алатки кои се пресудни за успех во она што го правите и работите се страста и истрајноста до остварувањето на целта. Никој не рече дека ќе биде лесно, но токму и тука се крие клучот до отварањето на главната врата до успехот.

моќта

Анџела Дакворт е и самата пример, кој ни укажува дека патот до успехот се поминува успешно со спој на карактерот, во кој се вплеткани истрајноста, вербата во себе, борбата, постојано учење и надоградување, самопочитта и огромната страст. Ова е книга која навистина може да ви го промени правецот на размислување, доколку мислите дека талентот е се во животот.

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…