pero bogomil

Пат

Врз царските друмје езделе

само разузданите коњи на пороите

и по некое нејавено муле врз чиј грб чудотворно

иконите скитале од еден манастир до друг.

(Кој ли светец тоа ги мешал картите?)

Сега ни копито, ни дожд.

Тоа белутракот само сека по навика –

Јалова молња зад молчаливи кипариси.

Ноќ

Сонцето одби на сите свои ѕвона и клепала.

Откога ги затвори сите портите и видиците

денот  завршува и почнува со полноќ.

Ноќ црна како прстите на клисарите.

Само врз раскошната трпеза на ведрото небо

Засјаи на скелетот на православната риба.

Глувотија. Паднатите ѕвезди цврчорат во морето.

Одвреме навреме тап удар како со топуз –

еден очаен старец си ја удира главата од дрво.

Манастир

Ѕидиниве зар против гарваните, шакалите и варварите?

Внатре светот е голтнат, тврдата семка на бога,

исколваните бобинки на лаворот

горчливата болка на олеандрите.

Затоа во замандалената палата на срцето

Реват лавови и змејови блујат оган,

а насушната песна што сама од грло се испушта

е Славата, Словото, непринудената молитва.

Напаати само грчењето под чекреците на сонот

(тоа ѓаволот го грицка неумоливо вечното злато)

ја испушта клетвата сама низ уста –

ждригнато парче од несварената дивина.

Црква

Допирот и целивот овоплотуваат сè

ко неракотворениот лик на Исус

во тврдава и строга

белутрачна светлина

Отворање на новите простории на Општинската Организација на Црвен Крст Битола наменети за социјалните услуги
Отворањето на нови поглавја во реализирањето на хуманата мисија е во тесна …
Воведение на Пресвета Богородица во ерусалимскиот Храм
Еден од големите Богородични празници е и празнувањето на споменот на Воведението …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…