maja butin 1

Пишува: Маја Богоевска

Не сакам многу да зборувам кога се возам со такси. Но, ете тој ден бев расположена. А и возачот со своето однесување ми личеше на културен човек. Во гласот можев да му насетам голема доза искреност.

Зборувајќи за сообраќајот низ градот (а за што друго), ми раскажа за една случка која ја доживеал многу лично. Додека возел редовни клиенти, не знам заради која причина, таксиметарот покажал 10 денари повеќе. Човекот почнал да вика велејќи дека секогаш плаќал иста цена, направил сцена и го пријавил во компанијата.

Што е приказната тука? Зошто таксистот бил навреден? Почна да ми раскажува како редовно на снаата од тоа исто семејство ѝ помагал со вадење на количката од багажникот, дури да се снајде и да излезе или влезе во таксито со децата.

-Кој таксист сега излегува и ти го отвора багажникот? Човек сака добар со сите да биде, ама изгледа не вреди, ми рече таксистот.

-Искрено да ви кажам, во последно време многу некако лоши луѓе се намножија низ градов, реков и ја отворив вратата да излезам бидејќи стигнавме до локацијата.

-Не, не…лоши луѓе отсекогаш имало и ќе има. Ама во добрите времиња тие се добри, во лошите времиња си го покажуваат вистинското лице, ми рече таксистот.

Платив и излегов. Последните зборови како да ме удрија по глава. Ми предизвикаа лавина од мисли. Како на филмска лента ми се вратија неколку случки. Овие зборови ме натераа долго да размислувам…

Знаете, има моменти во животот кога добивате силна шлаканица од реалноста. Ми стана јасно.

Ете, токму заради таквите (не)луѓе, добри во добрите, лоши во лошите времиња и нивните постапки кон нас, ја бараме вината во самите себеси. Ја бараме вината во нас, постојано прашувајќи се каде згрешивме затоа што сме пристапиле со добра мисла, сме помагале колку што сме можеле без да размислуваме условно да ни се врати сето тоа што сме го сториле.

Но, ја знаеме сите иронијата – злото секогаш се враќа, затоа прави добро, никогаш не се враќа.

Опколени сме со луѓе лажно наклонети кон нас, со лажна доза на пријателство, уште полажни насмевки и зборови, но само со една умисла – на кој начин да ве искористат.

Уште ако ова го сфатите навреме и го свртите листот на друга страна, тогаш почнува интересното. Кога веќе нема можност да ве искористат…Почнете да се однесувате исто како тие кон вас и почнете да велите НЕ. И ќе видите како бегаат, како ѓавол од темјан.

Кога повеќе нема да гледаат корист во вас, наутро забораваат да си ја стават маската на лажна љубезност и си го покажуваат вистинското лице. Нивните постапки и зборови прво ќе ве остават без зборови. Нема да знаете што се случува. Ќе ви биде тешко на почетокот. Ќе се чувствувате како да ве прегазил воз. Ама ќе помине. После кратко време ќе бидете благодарни што ви се отвориле очите навреме.

Кога ќе ви се отворат очите и нема повеќе наивно да гледате, ќе видите колку многу ги има околу вас.

Колку поголемо искуство со вакви (не)луѓе, толку повеќе можеме да ги препознаеме потенцијалните идни манипулатори. За да се заштитиме самите себеси и нашиот внатрешен мир.

Не лутeте се на себеси кога ќе ви се појават лоши луѓе во животот. Човек не може да го препознае она што не го носи во себе.“

Ете јас на пример, не се каам за сé што имам направено од срце и со добра мисла за сите неблагодарници. Само да им покажам која е разликата меѓу мене и нив.

И за крај, како потсетник. Оној кој не се радува со вас, нема ни да плаче со вас.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…