Пишува: Биљана Т. Димко
Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен мамец за секакви нискофреквентни потези чии меури за жал сѐ потешко пукаат – не затоа што се цврсти туку константно се негуваат. Колку е понездраво општеството, толку се посилни филтрите.
Да, купете си јаже за спасување, додека сѐ уште се достапни на пазарот.
Која сум јас да говорам? А кои сте вие? Кои сме ние?
Еднаш одамна волонтирав во детско онколошко одделение во земјата во која си ветив дека ќе живеам во следниот живот, се постила на два континента. Па после ми тргна по болници…
Годинава ја обележуваат тажни настани – смрт на деца. Нема ништо потажно.
2019 година, доцна пролет, мало машко детенце го напушти овој свет, додека јас го заспивав моето дете во спротивното одделение. Врисокот на таткото буквално ја заниша цела Детска клиника – докторите беа обесхрабрени, помошниот персонал се давеше во сопствената пот.
Во болничката соба до мене сместија ново бебе, со новороденчето лежеше мајката на мајката, затоа што мајката лежеше на друго одделение затоа што за време на царскиот рез преживеала мозочен удар.
Која сум јас да говорам? Имам што да кажам затоа говорам – кој сака ќе чуе.
Една е реалноста на булеварите, во кафаните, парковите, во козметичките салони, а друга е покрај кантите за отпадоци, ординациите, болниците, на гробишта…
Една статистика на месечно ниво колку лица под 18 години се згрижени во болничките услови со загрозувачка дијагноза…Штама! Никој не објавува – а и да ја објави, праќаме смс пораки – скептицизам во трчање. Плукаме в пазуви, се тргаме за уши, се поместуваме од стол на фотелја….појма немаме колку сме глууупии. Да. Глупи.
Малите борци на онкологија и други одделенија…никогаш не ја губат битката, и кога физички заминуваат, тие баш се соочуваат со сѐ што ние не можеме ни да замислиме дека постои…фала му на Бога, па знам колку чини еден човечки живот, бескрајно многу, многу повеќе отколку што можиме да разбереме. Би можела пластично да опишам што сѐ видов низ болничките ходници каде пациенти се деца – ама не, не сакам ни себе да се вознемирувам, а и бескрајно сум благодарна дека го преживеав пеколот.
Има едно кое отпосле го сфатив – човекот заминува од овој свет, умирајќи, нема друг начин и заминува во точно определено време, никој не може да даде душа, ниту да земе. Тоа е мој став. Околностите на заминувањето се чисто искушение, за оние кои остануваат. Секој од нас има и мисија и нешто што треба да научи од своето постоење – тагата и немоќта се добар учител.
Затоа, ај не си ги јадете ни своите, ни туѓите џигери. 30 секунди трае од земја в земја и помалку… Најтажно е тоа што имаме сѐ помалку посветен кадар во сите сфери медицински, образовен …прстот на глаата. Сите сме нечии блиски – правото на живот не се стекнува инстант на растворање, т.е брзината е обратно пропорционална на услугите на погребалниот оператор.