BLACK COFFEE

Еден од највлијателните артисти на современата електронска сцена, Black Coffee, ова лето доаѓа во Скопје. Настанот ќе се одржи на 19 јуни, на отворената сцена на Стадион на АРМ, која важи за една од најатрактивните open-air локации во главниот град.

Светски познат по својот уникатен звук и енергија, Black Coffee не е само диџеј – тој е глобален феномен кој создава вистинско музичко доживување. Добитник на Grammy Award и редовен хедлајнер на најголемите светски сцени, зад себе има настапи во легендарни арени како Madison Square Garden и The O2 Arena.

Неговиот придонес за глобалниот подем на afro-house звукот го позиционира како еден од клучните артисти на денешницата, со влијание што ги надминува жанровските граници.

Публиката во Македонија и регионот ќе има ретка можност да биде дел од „The Ultimate Black Coffee Experience“ – спектакл што ветува врвна продукција и незаборавна атмосфера.

Повеќе информации за цените на влезниците и ВИП пакетите ќе бидат објавени на 4 мај (понеделник) во 11:00 часот. Продажбата на билетите започнува на 5 мај (вторник) во 10:00 часот, онлајн преку платформата Avalon Booking, како и во продажната мрежа на karti.com.mk низ целата држава.

Се празнува Свети Атанасиј Велики (летен) – пренесување на моштите
Свети Атанасиј Велики е еден од најзначајните христијански светци и се смета …
Како да решите конфликт без кавга: Методот на Михаил Литвак што многумина го применуваат
Конфликтите се неизбежен дел од секојдневниот живот – во семејството, на работа, …
meblo trejd
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…